Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    Македонските извозници на преработки од зеленчук успешно ги продаваат своите производи во Канада

    Извозот на македонските производи од преработен зеленчук во Канада се моментално мали, но значајни. Според Светската трговска организација, Канада е една од десете земји во светот со најголем увоз на преработки од зеленчук. Отвореноста на Канада за увоз и импресивната евиденција за економскиот раст, направија таа да стане многу атрактивен пазар за меѓународните извозници, што ги прави македонските компании нестрпливи да влезат на овој голем пазар.Во мај, АгБиз програмата и нејзината партнерска организација МАП,(Македонска асоцијација на преработувачи) организираше шест дневна продажба и маркетинг мисија во Торонто за седум водечки извозници на преработки од зеленчук. Бонум Плус, Випро, Техноалат, Алтра, Тргопродукт, Бест фуд и Ларс, кои имаа можност да посетат неколку продавници за продажба на мало, супермаркети и етно продавници во Торонто и неговата околина. Фирмите видоа дека македонските производи од пиперка како печени пиперки, лутеница и ајвар се застапени во речиси сите етно продавници во Канада, а помалку во малопродажните синџири и уживаат многу добра репутација од страна на потрошувачите.

    „Во нашата секојдневна работа, постои постојана побарувачка за нови и уникатни производи, вклучувајќи ги и оние традиционалните. Ова е одлична можност за македонските извозници и нивните многу вкусни производи, како домашен ајвар и лутеница.“; рече еден од менаџерите на посетените продавници.

    Со цел да се зголеми нивната застапеност на канадскиот пазар, за време на промотивниот настан што се одржа во просториите на најголемата семејна фирма за производство на салати во Канада, компаниите ги претставија своите производи, преработувачки капацитети и подготвеноста за соработка. На оваа дегустација на производите, македонските претставници ги представија своите производи, како тие се консумираат, суровините и технологијата користени во производствените процеси, и типот на производите користени во производниот процес. Настанот беше организиран во соработка со Генералниот конзулат на Република Македонија во Торонто. Гостите на настанот беа поздравени од страна на амбасадорот, г. Мартин Треневски. Имаше околу 15 учесници на промотивниот настан вклучувајќи увозници на канадска храна, брокери на храна и дистрибутери.

    Сериозноста на контактите воспоставени со новите клиенти резултираа со потпишани нарачки во вредност од 150.000 евра за извоз на производи од пиперка и договорија деловен состанок за август, 2010 во Македонија со потенцијални канадски купувачи.

    Фирмите, учеснички обезбедија примероци на нивните производи и промотивни материјали на Македонскиот конзулат за користење во промотивни цели.


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English