Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    Холандските и полските увозници и новинари импресионирани од македонските вина, нарачките допрва доаѓаат

    "Не знаев дека Македонија е земја со долга традиција на производство на вино, се досега. Вкусив дел од вината во Холандија и бев љубопитен да дојдам тука и да видам што се случува на тој план. Тоа што гледам е една голема промена во македонската винска индустрија! Има многу инвестиции, многу нови и обновени винарии со голем извозен потенцијал. Да се постигнат подобри позиции на пазарите, винариите треба заеднички да ги презентираат своите вина и Македонија како земја." - Изјава на Ronald de Groot, главен уредник на списанието за вино "Perswijn", дадена за приватна национална телевизија

    Како дел од процесот на развивање на маркетинг план за извоз на македонските вина, заеднички поддржани од АгБиз и ЦБИ (Центар за промоција на увоз од земјите во развој), претставниците на винарските визби и другите заинтересирани групи, го идентификувааа полскиот и холандскиот пазар како пазар кој има посебно добар потенцијал. Македонските винарски визби, во напорите да влезат и да се развиваат на овие пазари, потребно е да направат маркетинг стратегија и промотивни кампањи за да ги презентираат своите висококвалитетни вина и да ја зајакнат нивната видливост.

    Во октомври 2010 година, програмата АгБиз на УСАИД, во партнерство со ЦБИ, организираше презентација на вина во Полска и во Холандија, која започна со вински семинари и стручни дегустации на вино и беше проследена со бизнис средби со најрелевантните увозници, дистрибутери и новинари за вино. За прв пат, десет македонски винарски визби: Сковин, Далвина, Бовин, Стоби, Попова Кула, Тиквеш, Филе, Имако Вино, Вардарска долина и Езимит, имаа единствена можност заеднички да ги презентираат своите висококвалитетни вина на полските и холандските купувачи и промотери.

    Повеќе од 300 гости, вклучувајќи ги и повеќето релевантни купувачи на вино, увозници и дистрибутери учествуваа на промоциите, на официјалните семинари и на дегустациите на вино во Полска и во Холандија. Македонскиот амбасадор на земјата-домаќин заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја поздравија публиката и ги охрабрија бизнис партнерствата за извоз на македонските вина. Винариите ги претставија своите портфолија и разговараа со купувачите на вино, од сите пазарни сегменти, за можностите за продажба. Потенцијалните увозници го оценуваа квалитетот на вината, нивниот профил и потенцијалното поклопување со параметрите на потрошувачите, и ги проверија понудите за цени. Многумина зедоа и примероци од вината и се согласија за иницијални пратки на вино.

    "Класично и модерно во исто време", "Какво изненадување", беа само дел од многуте позитивни натписи и признанија за македонските вина, објавени во "Perswijn", најголемото независно и професионално списание за вино во регионот Бенелукс.

    Еден месец подоцна, АгБиз координираше купувачка мисија во Македонија, за повеќето заинтересирани увозници и дистрибутери на вино, вклучувајќи ги и Dobre Alkohole и Makro Cash & Carry од Полска и Vinoblesse од Холандија, како и главните уредници на двете списанија за вино: "Magazine Vino" и "Perswijn". Тие посетија 10 винарски визби, кои имаа презентација во Варшава и Амстердам, ги набљудуваа лозјата, технологијата на правење вино, произведените видови на вино и нивниот капацитет во исполнување на стандардите на ЕУ. Богатството во бојата, вкусот и уникатноста на вината кои тие ги вкусиле, особено сортата "Вранец", коja ja нарекле "македонски Шираз", ги поттикна трговците да почнат сериозни преговори за увоз на вино, а новинарите да пишуваат обемни и позитивни написи за македонските вина.

    "... Вашита средина и природата се прекрасни; имате некои одлични автохтони сорти; лозовите насади се многу добро развиени; има убави археолошки места и кога ќе ги ставиш сите работи заедно се создава една приказна вредна за раскажување...", рече Tsjitske Brouwer од Vinoblesse, водечки светски увозник на вино од Холандија.

     


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English