|
“Вината од Македонија “промовирани низ целиот свет
Иако е мала земја, Република Македонија почна да создава малку “врева” за своите вина, како што напишал Дарел Џозеф, во својата статија за македонските вина во списанието за вино "Harpers", во Велика Британија,"Кога станува збор за квалитетот, големината не е важна".
Со години, македонските винарски визби извезуваа многу мали количини на вино, првенствено наливно, што создаде лоша слика и непочитување на македонските вина. Во последната деценија тој тренд се менува. Винарските визби се стремат кон подобрување на производството на вино и промена од наливно во вино во шишиња. Многу од помалите новоформирани винарски визби се целосно фокусирани на производство на квалитетни вина во шишиња. Ваквиот начин на производство бара промени во пристапот во изнаоѓање на нови пазари и подигање на свеста за квалитетот на македонските вина. Поголемо количество од македонските вина во шишиња се извезуваат во Србија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Руската федерација, и од неодамна одредени количини беа продадени на пазарите во Шведска, Полска, Холандија, Јапонија и САД.
Во напорите на винарските визби да навлезат и да се одржат на овие пазари, македонските винарски визби се соочуваат со потреба од развој на маркетинг и промотивни активности за да ги презентираат своите висококвалитетни вина и истите да станат видливи на странските пазари.
АгБиз програмата преку своите активности за развој и зајакнување на маркетингот, поддржа голем број винарски визби во постигнување на оваа цел, зголемување на нивниот пристап кон регионалните и светските пазари.Мисијата на УСАИД во Македонија и нејзината АгБиз програма, во соработка со Македонската Национална Телевизија, со гордост ја промовираа маркетинг активноста , промотивното водео "Вина од Македонија" ,кое има за цел подигање на меѓународната свест за македонското флаширано вино.
За помалку од два месеци, и во периодот на гроздоберот беа снимени десет промотивни спотови, и низ целата земја беа опфатени најдобрите сцени за виното.
До сега, на сателитската програма на МТВ се емитуваа две индивидуални видеа, додека другите се во фаза на подготовка и ќе бидат емитувани до февруари следната година. На крајот, "најдобрите сцени" од сите десет спотови ќе се соберат во едно заедничко промотивно видео. Овие спотови ќе ги промовираат поединечните брендови од сите винарски визби, и позитивно
ќе влијаат на зголемување на препознатливоста на македонски вина во целиот свет, со надеж дека ќе се иницира процес за создавање на заеднички бренд "Вина од Македонија".
"Не само што овие видео материјали ќе ги промовираат поединечните брендови на вината, тие истовремено ќе го подобрат позитивен впечаток за македонските вина во целиот свет, и се надевам дека ќе иницираат процес за создавање на заеднички бренд " Вината од Македонија ", рече на промоцијата Мајкл Фриц, директор на мисијата на УСАИД.
Медиуми, винарски визби, како и партнери на УСАИД и на Македонската Телевизија присуствуваа на промоцијата по која следуваше дегустација на вината од винарски визби, учеснички во активноста.
АгБиз програмата помага при зајакнување на маркетинг капацитетите потребни за успешен раст на извозот Промовирање на поединечните брендови на вина- една од сниманите сцени.
АгБиз програмата помага при зајакнување на маркетинг капацитетите потребни за успешен раст на извозот.
Промотивното водео “Вината од Македонија” е прво видео од ваков вид, наменето за промовирање на македонските вина.Видео материјалите се многу релевантни промотивните алатки за поединечните винарски визби, а истите ќе бидат користени од винарските визби за своја промоција на саемите поддржани од АгБиз, како и на сопствените промотивни настани.Десетте винарски визби учеснички се: Далвина, Визба Валандово;Тиквеш, Бовин; Пивка; Попова Кула; Еленов ; Грков; Сковин и Езимит.
|