|
Фирмите
од синџирот на самоникнати плодови го создаваат
своето наследство
Синџирот
на вредност за самоникати плодови има значајна
улога во агробизнисот во Македонија бидејќи
скоро целокупното производство се продава на
извозните пазари. Во исто време преку оваа
индустрија се обезбедува приход за голем број на
домаќинства во руралните средини на земјава а
кои имаат мал приход.
АгБиз програмата на УСАИД го препозна извозниот
потенцијал на оваа индустрија, но во исто време
идентификуваше и неколку недостатоци низ целиот
синџир, како што е недоволната соработка меѓу
учесниците и слабата промоција на индустријата
во целина.
Со цел да се зајакне капацитетот на целиот
синџир, АгБиз превзеде иницијатива да ги свика
сите релевантни учесници на исто место за да
дискутираат за развојот на целиот синџир. На
8-ми ноември 2008 организиравме едно-дневна
тркалезна маса, каде го презентиравме Профилот
на Синџирот на Самоникнати Плодови кој беше
изготвен од АгБиз, и дискутиравме за
придобивките од основање на здружение кое ќе им
служи на членовите за задоволување на нивните
приоритетни потреби, а особено за зајакнување на
извозната конкурентност.
Дваесет и шест учесници на тркалезната маса
избраа иницијативент одбор и истот го овластија
да ги превземе сите неопходни чекори за
планирање и оддржување на оснивачкото собрание
на здружението. АгБиз го поздрави овој чекор, и
реши да ја поддржи оваа иницијатива со
ангажирање на локален консултант да му помогне
на иницијативниот одбор во развивање
организациска структура на здружението и негова
регистрација, како и да изготви оперативен план
и буџет, и да помогне во одджување на
Оснивачкото Собрание.
На 26-ти март 2009, пет месеци од почетокот на
иницијативата, состанокот за Оснивачкото
Собрание се оддржа во Велес, кога се основа
здружение на граѓани собирачи, откупувачи,
преработувачи и трговци со самоникнати шумски
плодови “Шумски Плод”. Тогаш, представници од 10
претпријатија коиреализираат повеќе од 50% од
македонскиот извозот на самоникати
растенијаформално се приклучија на здружението.
Активното вклучување на овие 10 најголеми фирми
ќе пренесе силна порака на останатите фирми од
инустријата исто така да се приклучат на
здружението.
По само неколку недели од своето постоење,
здружението го оствари својот прв успех.
Министерсвото за Животна Средина и Просторно
Планирање го забрани извозот на печурката
смрчак, но по состанокот со представниците на
здружението ја отповика одлуката, откако беше
објаснето зошто забраната не елогична и
представува неефикасен начин на остварување на
целите на министерството. Како резултат на ова,
претпријатијата од синџирот на додадена вредност
ќе имаат придобивка од собирање и извоз на оваа
првокласна печурка и оваа година.Преку својата
поддршка за основање на здружение на граѓани
собирачи, откупувачи, преработувачи и трговци со
самоникати плодови, АгБиз придонесе кон успехот
и оддржливоста на синџирот на самоникнади видови
преку:
- Стимулирање на соработка, комуникација и
врските меѓу учесниците,
- Создавање на форум каде ќе се идентификуваат
недостатоците во однос на развојот и
конкурентноста на индустријата;
- Креирање на средина каде ќе се одредуваат
начини со кои ќе се пристапува кон Владата на РМ
и
- Подобрување на извозната конкурентност на
синџирот за самоникнади плодови.
|