Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Преработувач на специјалитети од зеленчук ја проширува својата меѓународна дистрибуција

    Дентина е во 100% приватна сопственост, основанa во 1993 година и денеска има шеесет вработени вклучувајќи и сезонски работници. Компанијата се наоѓа во југо-источниот дел на земјата, во Струмица, град кој се наоѓа во центарот на најголемиот предел за производство на зеленчук. Дентина е специјализирана за преработка на свежи овошки и зеленчук, извоз и меѓународен транспорт. 90% од нивните производи се извезуваат во земјите од Европа, Канада и Автралија.

    Дентина се залага за здрава и свежа храна (овошје и зеленчук) која ги задоволува или пак надминува сите светски стандарди. Целтта за висококвалитетна преработка на храна, не е нова, но она што на Дентина и дава потенцијал за да достигне квалитет и конкурентност е самиот струмички регион. Овој регион на Македонија е познат по својата традиција на производтсво на висококвалитетна храна како и постоењето на многу чиста животна средина. Овие услови обезбедуваат исклучително добри услови за производство но и за преработка на здрава храна.

    Користењето на традиционалните рецепти, современиот и допадлив дизајн на пакувањата на Дентина,беа препознаени од АгБиз како одлични карактеристики кои ќе можат да го забрзаат регионалниот и меѓународниот извоз на компанијата.
    Со цел да се зајакне конкурентноста на извозот на преработките од зеленчук на Дентина, а со тоа да се стимулира зголемен извоз, АгБиз програмата на УСАИД обезбеди грант во висиона од $40,000 американски долари да ги подобри маркетиншките активности, продуктивноста и преработувачкиот капацитет на Дентина. Грантот беше искористен за набавка на дополнителна опрема, како линија за печење пиперки, линија за пастеризација и, најважно, парен котел. Со овие инвестиции се зголеми продуктивноста за повеќе од 15%, и исто така во 2008 година се зголеми користењето на повеќе локално произведени суровини за од околу1,200 тони. Исто така грантот вклучува и нови инвестиции за организирање и реализација на промотивни кампањи. Свесноста како и видливоста на производите на Дентина се подобрени особено на целните пазари за извоз, како на пример во Хрватска, во прадавниците од синџирот на продавници на Кауфланд, од Германија. Оваа беше постигнато најмногу преку промоции во самите продавници како што е рекламирањето во промотивните материјали на Кауфланд. После шест месеци откако АгБиз го додели грантот на Дентина, преработки од зеленчук во вредност од $134,302 беа извезени во Кауфланд, а Дентина стана уште посериозна и поконкурентна компанија, особено на Балканскиот регион.

    “ Благодарејќи на овој проект доделен од АгБиз, ние сме во можност да го зголемиме нашето производство преку набавката на новата опрема. Оваа ни овозможи да го зголемиме извозот, и да додадеме нови производи како што е домашниот ајвар кој е особено баран на европските пазари.”, кажа Г-дин. Трајче Карадаковски, Генерален Директор на Дентина.

    Како резултат на поддршката од АгБиз, Дентина успеа да ги позиционира своите производи во повеќе од 30-на супермаркети во Србија, ја зголеми свесноста кај потрошувачите за своите производи преку промоции во продавници и преку планирање на серијал од промоции во продавници наменти за словенечките потпрошувачи во најголемите супермаркети од групата Меркатор.

    Дентина е една од петте компании кои преработуваат зеленчук од вкупно 19 фирми од македонскиот агробизнис кои добија грантови од страна на АгБиз програмата на УСАИД, наменети за зголеување на конкурентноста и деловниот развој.
    Вкупниот извос кој се очекува да се реализира со овие проекти е
    $26.6 американски долари, што пак ќе влијае на аголемување на приходот на 2, 651македонски домаќинства.


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English