Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Студиското патување во Шведска резултираше со почетна продажба од $70,000

    Како одговор на барањето од Асоцијацијата на Македонските Преработувачи,во ноември 3-7, 2008 АгБиз и Програмата за Советодавна Поддршка на Земјоделството на Македонија, поддржаа и организираа четири дневно студиско патување во Шведска за компаниите преработувачи на зеленчук да иднетификуваат нови соработници. Алтра, Випро, Ким, Конимекс, Маби Трејд/Дентина, Бонум, Медиум Експорт, Техноалат и Пајдаков/МТД Пром за прв пат имаа можност да го дознаат потенцијалот и да го унапредат своето знаење за шведскиот пазар.

    Во текот на оваа интензивно студиско искуство, беа посетени четирите водечки шведски увозници на продукти од преработено и свежо овошје и едни од најголемите центри за дистрибуција на храна во Скандинавија. Деветте македонски компании исто така посетија и голем број на маркети кои продаваат традиционална храна од југоисточна Европа и Балканот. Клиентите на АгБиз се сретнаа со менаџери на најпознатите супермаркети во Шведска, и се стекнаа со добро разбирање на изборот, понудата како и различноста помеѓу маркетите во Шведска и како производите од Македонија можат да се адаптираат на шведскиот вкус и правните барања. Основната цел на оваа активност беше остварена, бидејќи од страна на групата беа дознаени и анализирани корисни информации за шведскиот пазар за традиционалната етничка храна од (Балканот), како што е ајварот, лутеницата, пинџурот и печената и конзервирана пиперка.

    Од прва рака беа добиени информации за количината и продажбата на преработки од зеленчук во Шведска, уделот на компаниите и нивните брендови, беа собрани податоци за дистрибуција и цените, и истите последователно беа поделени со останатите уцесници од синџирот на преработки од зеленчук на АгБиз.
    “Најголемите придобивки за учесниците беа: 1) имаа единствена можност да го видат потенцијалот на овој нов пазар и неговата дистрибутивна динамика, и 2) можност да постигнат забрзан влез на своите производи од преработен зеленчук на шведскиот пазар”; кажа Златко Еделински, координатор на синџир на вредност за преработен зеленчук на АгБиз и фацилитатор на студиското патување.
    Во рамките на студиското патување, АгБиз клиентите имаа и бизнис со бизнис состаноци со шведските купувачи, ги представија своите производи и ја проценија својата конкурентност за набавка на традиционалните продукти од преработен зеленчук на шведските компании. Нивниот заклучок беше- има безброј можности за понатамошен развој на шведскиот пазар за македонските преработувачи на зеленчук! Причините се силната побарувачка од Шведска за етничките производи и нивниот вкус кои се совпаѓаат со сегашниот тренд во маркетите и останатите канали за обезбедување на храна.
    Три месеци по завршување на студиското патување, две од деветте компании на шведските купувачи успееја да извезат производи од преработен зеленчук, чај како и јаболков оцет во вредност од $70,000. Останатите учесници интензивно преговарат со потенцијалните купувачи.
    “Активностите од ваков вид, се многу корисни за воспоставување и зајакнување на односите со новите купувачи и учење на нови технологии, како на пример пакување на производите од пиперка, промоција и организација на извозот.”; кажа Г-дин Томе Кичуков од Техноалат.

    Програмата за Зголемување на капацитетите на човековите ресурси на АгБиз, до денеска има организирано десет студиски патувања со кои се
    1) представија нови пазари во Европа и САД на 62 компании, и
    2) со над стотина представници им помогнавме да научат нови технологии, увидоа нови менаџмент и маркетинг практики.


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English