Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    Агбиз ги поддржува извозниците на свежо овошје и зеленчук да го изградат своето наследство

    АгБиз му помага на македонскиот агробизнис да ги зајакне бизнис релациите со потенцијалните партнери од Југоисточна Европа и да ја зголеми регионална трговија на земјоделско-прехранбените производи. "…Ова е навистина брилијантен начин да се сретнат потенцијалните купувачи од регионот и да се пласираат нашите производи..." - Македонски извозник на бизнис средбите

    Бизнис интеграцијата на Македонија во Европа зависи од способноста на локалните компании да ги применат ЕУ стандардите за своите производи и да ја зајакнат својата конкурентност, како и способноста на Владата на Република Македонија да создаде средина која ја поддржува целосната функционална пазарна економија, слична со онаа на Европа.

    Македонија потпиша пет договори за трговија, кои обезбедуваат значајни можности да се прошири целокупниот извоз, вклучувајќи ги и производите од вино, ланецот на вредности за свеж и преработен зеленчук, поддржани од Програмата АгБиз на УСАИД. Да се прошири извозот, македонските фирми мора да ги искористат можностите создадени од овие последни трговски договори. Важен чекор во таа насока е подобрувањето на деловните практики, со додаден акцент на стратешкото планирање и пробивање на пазарот, како во приватниот сектор, така и во државниот сектор.

    "Пазарот на ЦЕФТА е отворен само за оние земјоделски производи кои може да се усогласат со ЕУ барањата за квалитет", рече Димовски, министерот на МЗШВ.

    На конференцијата присуствуваа многу клучни играчи од регионот како што се словенечкиот министер за земјоделство, шумарство и храна, македонскиот министер од МЗШВ, претставници од владите на Бугарија, Турција, Србија и Хрватска, делегатите од регионалните стопански комори на Македонија, и над 50 агробизнис претставници од Македонија. По конференцијата, АгБиз организираше бизнис средби меѓу македонските извозници и увозниците од Југоисточна Европа (ЈИЕ). Осумнаесет македонски компании од агробизнисот имаа можност да воспостават нови контакти, да ги зајакнат постојните бизнис врски и да се состанат со водечките купувачи, како што се "Меркатор" и "Фруктал", од земјите на ЦЕФТА.

    Бизнис средбите резултираа македонските компании да потпишат нарачки за извоз на свежо овошје и зеленчук во вредност од 550.000 евра, што е одличен успех за овој настан.

    За да профитираат од присуството на водечките регионални купувачи и нивниот интерес за свежи производи и побербени практики за работењето во Македонија, АгБиз, исто така, организираше средби со локалните власти од општините Валандово и Росоман, кои воедно представуваат региони со најголемо производство на овошје и зеленчук.

     


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English