|
Преку 5
мил. американски долари во финанси идентификувани за
македонскиот агробизнис
Моменталниот
недостиг на финансиски средства,бара
дополнителни напори во
идентификацијата и разбирањето на моменталните
достапни извори на
финансирање. Во пресрет на очекуваната глобална
финансиска криза,
Македонските банки станаа порестриктивни во
одобрувањето на средства за
агробизнисот и трговците, кои им беа потребни за
замјоделски и други
основни материјали за реализирање на своите
бизниси.
Поради тоа, АгБиз заедно со своите клиенти
работеше на идентификација на
моментално достапните и изнаоѓање на нови
и различни извори на
финансирање, како обезбедување на таа подршка.
До денес, АгБиз им
помогна на повеќе од 60 поединци од 49 компании
подобро да ги разберат
алтернативните извори на финансирање и нивните
компаративни предности
и недостатоци, обука за 110 поединци за како да
дојдат до финансирање во
моменталното опкружување, и помош на
клиентите во изработка на
апликации за приближно 235 милиони денари
за финансирање.
Глобалната финансиска криза влијаеше на растот
на агробизнисот, но исто
така и на наплатата на побарувањата.
Нашите цели се работа со клиентите
за да се надминат овие влијаниа. Само
како пример, ние подготвуваме
детални анализи на финансиските извештаи
од агробизнис извозниците и ги
советуваме да набават извозна
осигурителна полиса преку Македонската
Банка за Подршка и Развој. Поради тоа,
максималната вредност на
побарувањата од германските купувачи ќе
бидат детерминирани од Банката.
Извозната осигурителна полиса ќе
резултира со посигурни наплати за
извозната роба, соодветно менаџирање на
ризикот и можностите за
поголеми извозни понуди. Полисата,
издадена од Банката ќе може да се
користи како залог за работниот капитал
како заем на извозниците. Како
резултат на тоа, нашите клиенти ќе бидат
сигурни во наплатување на
побарувањата и ќе имаат свеж капитал за
работа.АгБиз успешно им помогна на клиентите за
изнаоѓање на потребни
остварливи и конкурентни извори на финансирање,
вклучувајќи ги и
нелимитираните заеми како лизинг, производно и
извозно осигурување,
анализирање на
финансиските ситуации кај компаниите,
колатерални
произведувачите, трговците и МСП како да дојдат
до капиталот кој им е
потребен.Како резултат на тоа,со подршка страна
по страна ,три АгБиз
клиенти аплицираа за Извозно осигурување со
вредност од 364,000$ и развој
на нови преговори со партнери од
Русија,Украина и Хрватска.„Македонските менаџери
од агробизнисот имаат потреба од зголемувања
на разбирањата и можностите за користење
на финансии и финансиски
информации за менаџирање на своите
бизниси,особено во овие тешки
времиња кога потребите за финансии се
критичен фактор за успех“, рече
Ловре Ристевски,АгБиз финансиски и
маркетинг специјалист.
Една од првите задачи на АгБиз е во правец на
зголемување на реалните
можности за пристап до финансирање, преку
издавање и публицирање на
Агробизнис Финансии Прирачник и
дистрибутирање до преку 120
клиенти.Техничката презентација ќе опфати
повеќе од 100 индивидуалци,
претставувајќи им ги релевантните извори
на финансирање и владините
програми опишани во Прирачникот. Ние
очекуваме и ажурирање на
Прирачникот во блиска иднина. Исто така,
ние моментално помагаме на
нашите клиенти за подготовка кон пристап
на ИПАРД фондовите.
АгБиз ќе продолжи и понатаму да ги подржува
клиентите за разбирање и
успешно аплицирање кон различните видови
типови на финансирање,и
останува во потрага кон нови извори на
финансирање и нови финансиски
продукти.
Г-дин. Ристо Франгов, представник на
голема фирма производител и трговец
на трпезно грозје, е еден од многуте
корисници на Финансискиот прирачник
за агробизнисот ( на масата)
Специјалистот за финансии и
маркетинг на АгБиз им помага на
соработниците да обезбедат
пристап до финасии, дури и во
оваа неповолна економска
ситуација. Оваа се остварува
преку
идентификување на
достапните видови на
финансирање, а отпосле нивно
представување на нашите
клиенти, како и процедурите кои
се потребни за да се пристапи до
финансиските извори. Исто така,
АгБиз го следи влијанието на
глобалната финансиска криза врз
македонскиот финансиски сектор,
и од бликсу ги следиме
достапните и новите финансиски
производи. |