|
Македонците учат современи технологии за зголемување
на вредноста и извозната конкурентност за нивното
трпезно грозје
Во
март 09, десет учесници од шест македонски
фирми, производители и трговци со трпезното
грозје, ги посетија своите колеги од Јужна и
Централна Калифорнија во САД. Калифорнија е една
од водечките земји извозници на трпезно грозје
во светот. Во текот на десеттдневното стручно
студиско патување, клиентите на АгБиз ги
истражија и одпосле го разбраа соременото,
интегрирано производство и послебербените
системи кои можат да бидат применети во нивните
претпријатија и сегашните сорти на трпезно
грозје. Оваа научно искуство вклучуваше теми за
зголемување на знаењето на учесниците за
одговорно користење на агрохемиски средства, и
строгите барања на напредните пазари во однос на
остатоците после берба.
Студиското патување вклучуваше обука во
предавални пропратени со посети на терен кои
овозможија на учесниците да научат и да видат
современи центри за пакување на трпезното
грозје, плантажи на трпезно грозје и начини за
управување, кои се целите и начините за основање
на маркетинг и трговски организации за трпезно
грозје.
АгБиз, во партнерство со Универзитетот од
Калифорнија-Дејвис, Факултет за Земјоделски
Науки и Животна Средина, сподели искуства и
обезбеди литература за учесниците со која
значително ќе го зголеми знаењето и разбирањето
за производство и послебербените технологии за
управување со трпезното грозје и кои се
соодветни за нивната работа, а доколку истите
бидат соодветно применети, ќе ја зголеми нивната
конкурентност.
“Добивме детални информации за целиот процес во
вид на литература, стручњаците од факултетот
Дејвис. Имавме можност да го следиме целосниот
процес од коренот на лозата до нејзиното садење
па се до пкаување и продажба.“ кажа Проф.Др.
Крум Бошков од Факултетот за земјоделски науки и
храна.
Македонските најголеми извозници на трпезно
грозје имаа единствена можност да го посетат
најголемиот пазар за производи на големо во Лос
Анѓелес, како и плантажите на трпеното грозје во
Палм Спрингс и Бејкерсфилд, познати по своите
високи стандарди за производство на трпезно
гројзе. Клиентите на АгБиз ја набљудуваа
примената на современите методи за производство
на трпензо гројзе со акцент на мерките за зелена
резидба. Овие мерки беа идентификувани од страна
на групата како особено важни и потребни да
бидат применети во Македонија со цел да се
зголеми квалитетот на грозјето, а со тоа и да се
зголеми конкурентноста и да се постигне подобра
цена на извозните пазари.
Како последователна активност од студиското
патување, АгБиз организираше еднодневна
тркалезна маса каде на дваесет и два учесници
беа презентирани, дискутирани и споделени
искуствата и научените практики од Калифорнија.
Учесниците на тркалезната маса беа од девет
македонски производители и трговци со трпезно
грозје, Здружение на Производители на Овошје, и
универзитетски представници, вклучувајќи и 13
учесници кои не учествуваа на студиското
патување. Учесниците на работилницата
идентификуваа можности како да ги искористат
научените сознанија од студиското патување со
цел да ги зајакнат своите дејности со трпезното
грозје.
АгБиз планира програм преку кој ке се прикаже и
илустрира примената на овие современи методи.
“Имавме многу позитивни искуства во Калифорнија
кои мора да ги пренесеме и примениме во нашите
претпријатија. Оваа знаење ќе допринесе подобро
да ја организираме нашата работа.”
Оваа студиско патување за македонските извозници
на трпезно грозје во Калифорнија беше второ
меѓународно научно искуство за клиентите на
АгБиз, производители на трпезно грозје.
Во 2008, АгБиз програмата на УСАИД поддржа група
на менаџери вклучени во производство на трпезно
грозје, откупувачи и трговци да бидат дел од
студиското патување во Јужна Африка.
Комбинацијата од научени практики во Јужна
Африка и Калифорнија од страна
на македонските фирми кои учествуваа на овие
студиски патувања резултираше во забрзано
производство и нови инвестиции во трпезното
грозје, технологии за управување после берба,
пакување и практики за продажба. |