Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    Инвестирањето во органското се исплатува

    "Соработката со АгБиз програмата на УСАИД започна во вистинскиот момент! Добивајќи сертификат за органско производство не направи квалификувани за органски чај на пазарот во ЕУ. Пред ова, ние не можевме да почнеме сериозни преговори, сите потенцијални купувачи го бараа овој сертификат. И сега благодарение на поддршката на УСАИД, ние ја зголемивме својата продажба за околу 95%!", - - Виктор Коловски, Менаџер на Коро

    АгБиз им помага на македонските агробизниси во ланецот на вредности, со добар извозен и растечки потенцијал, за да ги разберат потребите и да ги направат своите производи поконкурентни на извозните пазари!

    Малата компанијата Коро е семејна фирма , е вклучена во преработка и пакување на високо квалитетен оцет и чај, е на пат да се прошири на глобалните пазари, преку продавање на своите органски производи. Повеќе од 18 години производите на брендот "Коро" се добро познати и почитувани во Македонија и во регионот. Коро е втор по големина производител на филтер чаеви во Македонија. Основачот на Коро е компанијата Конимекс, фирма која има добро развиена мрежа за купување на суровини, вклучувајќи околу 10.000 луѓе низ целата земја.

    Програмата на АгБиз му помага на Коро да ја зголеми својата конкурентност и да влезе на пазарите на ЕУ, преку доделување на грант за проектот за деловно проширување, прифаќање на стандардите за органск производство, како и за воспоставување нова линија на органски производ и зајакнување на позиционираноста на брендот Коро. АгБиз ја поддржа реализацијата и сертификацијата наменети за органско собирање и преработка на самоникнатите видови и обезбеди дел од трошоците за извозни маркетинг активности на Коро, вклучувајќи и ре- дизајнирање на пакувањата и дизајнирање на нови промотивни материјали за целните извозни пазари.

    Успешната реализација на овој проект им овозможи на Коро да го зголемат својот удел на пазарите во Албанија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово и да го и да влезат на пазарите во ЕУ. Деновиве, покрај конвенционалните филтер чаеви и другите производи од палетата на производи, Коро исто така обезбедува сертифицирани органски билни чаеви за своите клиенти. Коро сега нуди повеќе различни видови на производи, вклучувајќи и органски производи, и значително го имаат подобрено својот капацитет за преработка. Но, ова е само почеток од плановите на Коро за проширување на производството и продажба на органски сертифицирани производи. Задоволување на стандардите за органското на САД и нивната Национална Програма за органско сертифицирано производство и задоволувањето на барањата на пазарот поврзани со органското производство, се следниот предизвик за семејството Коловски. Конимекс презема уште еден чекор напред во правењето на нивниот бизнис одржлив, а тоа се однесува на обезбедување на органски суровини, преку одгледување на лековити и ароматични растенија, со што ќе се намали зависноста од несигурноста во процесот на набака на суровините.

    Во текот на последните две години, откако Коро започна активно да учествува во активностите на АгБиз за подобрување на капацитетот, како трговски саеми, студиски патувања и обуки, Коро ја зголеми својата продажби за речиси 20% во 2008 година и за 95% во 2009 година.

    Како еднa од најуспешните компании во Македонија за извоз на билни чаеви, Коро е многу почитуван кaj своите колеги. Заради тоа сопственикот на Конимекс, Павле Коловски беше избран за заменик- претседател на "Шумски плод", трговско здружение за самоникнати видови, основано од страна на АгБиз, кое ги вклучува најголемите извозници на самоникнати видови во Македонија.


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English