|
Стекнување на конкурентска предност преку примена на
стандарди за храна
Бонум
Плус е основан 1992 година како мало
претпријатие во приватна сопственост за
производство и преработка на печурки и зеленчук.
Денес, Бонум Плус е најголема приватна фирма за
производство и преработка на печурки во
Македонија. Згора на најголемата линија во
Македонија за производство на печени пиперки,
домашен ајвар и лутеница. Годишно се
преработуваат повеќе од 3,500 тони готов
производ, и тоа печурка и производи од зеленчук.
Претпријатието е целосно посветено на
континуиран развој на нови производи како и на
преработувачки капацитети и производство на
квалитетен производ како одговор на строгите
барања на домашниот и странските пазари, во
однос на стандардите за храна, потребата од
зголемена продуктивност, трошоците за
конкурентност и потребата од зголемување на
маркетингот и практиките за управување.
Бонум Плус е една од петте фирми, преработувачи
на зеленчук кои добија поддршка за нивниот
проект за деловен развој и кој беше поддржан од
страна на АгБиз програмата на УСАИД. Во
последниве две години, АгБиз му помага на Бонум
Плус да ја зголеми својата извозна
конкурентност.
Во овој период Бонум Плус успешно го примени
HACCP сустемот и воедно го забрза процесот за
добивање на сертификат за стандардот ISO22000 за
преработувачкиот капацитет и објектот за
сладирање.
Енергичната посветеност за одржување на високиот
квалитет на производите, добрата производна
пракса беа основната гаранција за добриот
пласман и оддржување на српскиот пазар, но исто
така овозможи на фирмата да ја згомели својата
дистрибуција и извозот во Србија за дури 15%
.
Во овој процес, АгБиз обезбеди средства со кои
се ко-финансираше
таксата за влез на производите на Бонум Плус на
бројните регионални и меѓународни малопродажни
синџири во Србија, како што е Делта; и обезбеди
маркетиншка поддршка со цел зголемување на
видливоста и позиционираноста на брендираните
производи на Бонум Плус. Во 2009- та година
Бонум иницираше изработка на инвестициски план
за градење на ладен склад со цел зголемување на
капацитетот за извоз на регионалните и
меѓународните пазари.
Како резултат на успешната реализација на
проектот за деловен рзвој Бонум ги згомели
можностите за вработување во општина Старо
Нагоричане, преку отворање на нови и постојани
90 работни места.
|