|
Агбиз ги поддржува извозниците на свежо овошје и зеленчук да го изградат своето наследство
"MAAИ е првото и единствено
трговско здружение кое ги
опфаќа македонските извозни
компании. Имаме отворена
политика за членство кон сите
извозници на свежи производи.
Вклучувањето на колку што е
можно повеќе играчи од ланецот
на вредност, во Здружението, е
првиот чекор кон спојување на
нашите сили на национално ниво
и во правењето нашите свежи
производи да бидат
поконкурентни на регионалните
и на светските пазари!“ ; вели
Славица Ангелова, претседател
на МААИ.
Ланецот на вредност на свежо овошје и зеленчук дава многу значаен
годишен придонес за македонскиот извоз, како во обем, така и во вредност.
Програмата Агбиз на УСАИД го препозна извозниот потенцијал на ланецот
на вредност, но исто така идентификуваше и голем број на слабости, како
што се недостатокот на соработка и функционална организација меѓу
учесниците од ланецот на вредност.
За да помогне при решавањето на овие слабости, Агбиз изврши проценка за
идентификување на заедничките интереси на компаниите од ланецот на
вредност на свежо овошје и зеленчук, како и нивната решеност за
формирање на национална трговска асоцијација за свежи производи. Беше
идентификуван еден силен заеднички интерес за решавање на проблемите и
предизвиците со кои се соочува ланецот на вредност и постоење на
заедничка визија за неговиот развој. По заеничката средба на учесниците на
ланецот, отпосле беше организирано Генералното собрание на кое
учествуваа 17 претставници од 13 компании и истите се регистрираа за
членови на новата организација од ланецот на вредност на свежо овошје и
зеленчук - Македонска Асоцијација на Агро Извозници (МААИ). Активното
вклучување на овие 13 главни играчи, кои вработуваат најмалку 1.000 луѓе,
ќе испрати силен сигнал до сите други компании за свежо овошје и зеленчук
исто така да се приклучат на Здружението.
Десет дена подоцна официјално беше регистрирана Македонската
Асоцијација на Агро Извозници (MAАИ) и г-а Славица Ангелова, менаџерот
на Душан Ќириќ, беше избрана за претседател. АгБиз ја поздрави оваа
акција, и со цел да помогне на новоформираната асоцијација во градењето
на сопствениот капацитет, се согласи да го поддржи Здружението да направи
пет годишна Стратегија и Акционен план.
За да стане целосно функционална и добро организирана трговска
асоцијација, градењето на стратегија само по себе не е доволно. Членовите
на МААИ треба да разберат повеќе за улогата на здружението, процесот на
јакнење и одржување, како и оптимизирање на придобивките за членовите.
Затоа, АгБиз, во партнерство со MAАИ, организираше пет дневно студиско
патување за членовите на МААИ да посетат понапредни здруженија во
Бугарија. За време на студискиот престој, членовите на MAАИ се сретнаа со
претставници на четири трговски здруженија на производители и ги видоа
нивните објекти каде ги користат најновите системи за подготовка на свежо
овошје и зеленчук. Тие, исто така, посетија неколку фабрики финансирани
преку ИПАРД програмата за побербено ракување и обработка на производи.
Групата, исто имаше можност да се сретне и да разговара со бугарскиот
заменик министер за земјоделство, г-а Светлана Бојанова, и вработените во
бугарското Министерство, одговорни за развој и поддршка на организации на
производители.
Членовите на МААИ видоа како се организирани здруженија за свежо овошје
и зеленчук со цел да станат одржливи, ги видоа нивните практики за
управување, лобирање пред Владата, како и палета на услуги кои се нудат
на членовите на бугарските здруженија.
Благодарение на поддршката на АгБиз, сега MAАИ е повеќе способна да
работи во најдобриот интерес на нејзините членови, и ќе придонесе за
зајакнување на севкупната конкурентност на македонскиот ланец на
вредност на свежо овошје и зеленчук.
|