Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    АгБиз програмата на УСАИД им помага на македонските фирми од агробизнисот да пристапат до ИПАРД фондовите

    Македонија е значаен производител на свежи и преработени градинарски производи, како одговор на многу поволните агро-климатски услови за производство на широк спектар од разновидни овошја и зеленчуци со висок квалитет. Разбирањето на градинарските производи, знаејќи како истите реагираат по бербата и дистрибуцијата, и важноста од користење на современи принципи за ладење низ целиот синџир на производство со цел обезбедување на врвен квалитетен градинарски производ за извоз на пазарите се клучни фактори за успех на учесниците од синџирорт за производство на свежи производи. Постојат значајни можности за зајакнување на македонската хортикултурна индустрија и понатаму да се развиваат пазарните можности за додавање на вредност и на свежото овошје и зеленчукот. И покрај тоа, потребни се значајни подобрувања во ракување на свежо производство по берба со цел македонските извозници на овошје и зеленчук да станат по конкурентни.

    До неодамна, многу од учесниците од вредносниот синџир не беа свесни за после бербените технологии што мораат да се користат за оптимизирање на квалитетот на нивните специфични производи наменети за пазар. Во изминатата година АгБиз се фокусираше на подобрување на квалитетот на македонските свежи производи, со цел постоечките екс-југословенски пазари да се задржат и понатаму, и за да може во иднина да се развиваат нови пазари во ЕУ. Ние работиме со прогресивни производители и извозници на свежи производи, кои се посветени да нвестираат во своите дејности и методологии за зголемување на стандардизацијата и квалитетот на производот, и да се зајакне нивниот капацитет за успешно влегување на нови пазари.Пеца Комерц е еден таков клиент на АгБиз. Од страна на АгБиз на Пеца Комерц му беше доделен грант за проектот “Основање на Современ Центар за Пакувње на Производи” во висина од 30,000
    американски долари. Представници од управувачкиот тим на Пеца Комерц се редовни учесници во активностите за подобрување на конкурентноста, организирани од АгБиз,

    како Бизнис со Бизнис средби реализирани во Полска, студиското патување во Јужна Африка, каде научија како да се подобри ладењето и маркетингот на лозјето, во Калифорнија видоа нови потпорни систем за лозјата, и на кој начин се произведуваат садници за лозје. Неодамна тимот на Пеца Комерц учествуваше на работилницата како и на индивидуална консултација со американскиот експерт за хортикултура, каде што беа дадени препораки за правилна употреба на сулфур во пред-ладењето и чување на производите, постигнување на соодветна температура, контрола на влажноста, управување, организирање и управување со ладнилникот и користење на енергијатата на ефикасен начин за после бербените процеси. Поддршката на АгБиз, придонесе Пеца Комерц да ги прошири пазарите надвор од Балканот, со изнаоѓање на нови клиенти и тоа во Франција, Полска и Холандија. Пеца Комерц го стекна оваа преку завршување на нов, целосно опремен центар за пакување кој вклучува дигитални ваги, имплементација на добри производствени и хигиенски практики кои се од суштинско значење за извозот, како и проведување на HACCP системот. Новиот бизнис овозможи компанијата да го зголеми бројот на вработените за сега да брои вкупно 18 лица.

    "Благодарение на искуствата стекнати соработувајќи со АгБиз, мојата компанија стана поконкурентна во постојните пазари и успешно навлезе на нови, се заради тоа што сега многу подобро знаеме како да го сочуваме оригиналниот квалитет на нашите производи и истите да постигнат подобра цена", рече Г-дин Блашко Темов, сопственик на Пеца Комерц.

    Пеца Комерц е една од четирите фирми кои работат со свежо овошје, од вкупно 20 македонски фирми од агробизнисот кои реализираат проекти за деловен развој поддржани со грантови од страна на АгБиз програмата на УСАИД. АгБиз продолжува да поддржува активности кои ја зајакнуваат конкурентноста на македонските извозници на свежи производи, преку пренесување на знаење и know-how технологии во Македонија од поискусните земји. Поддршката на АгБиз кон извозниците се однесува на изложувања на саеми, студиски престои, Бизнис со Бизнис состаноци, со помагање на македонските фирми од агробизнисот успешно да ги извезат своите
    производи за време на овие тешки времиња. Исто така им помагаме на нашите клиенти да пристапат до достапните извори на финансирање особено за ИПАРД.


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English