Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Додавање на квалитет преку стандардите и системите за квалитет и безбедност на храната

    Во текот на изминатите неколку години, македонските компании од синџирот на додадена вредност за самоникнати шумски видови станаа посвесни за големиот број на придобивки од спроведувањето на стандардите за квалитет и системите за безбедност на храната. Искуството стекнато преку студиски патувања или учество на познати трговски саеми во организација на АгБиз помогна македонските преработувачи и извозници да ја согледаат потребата и важноста од производство на безбедна храната, ако сакаат да се одржат на постоечките пазари и да влезат на нови пазари.

    HACCP-от е еден од најшироко прифатените системи за безбедност на храната, кој овозможува зголемување на трговијата меѓу земјите. Со други зборови, во трговијата на меѓународно ниво е неопходно да се почитуваат HACCP принципите за безбедноста на храната а и се почесто сертификацијата според HACCP е основно барање за влез на многу меѓународни пазари. За да функционира HACCP системот и да се почувствуваат неговите благодети тој мора да се имплементира и одржува на сите нивоа и од сите страни вклучени во синџирот на вредност, на пример, помеѓу производителите, преработувачите, откупците и/или од трговците на мало.

    Од 1-ви Јануари 2009 спроведувањето на системот за безбедност на храната базиран на принципите на HACCP е законска обврска за сите македонски компании од прехранбената индустрија. Во Македонија постои загриженост дека компаниите поврзани со прехранбената индустрија не се во можност да се адаптираат на стандардот во потребната временска рамка. Ова беше препрека и за учесниците во вредносниот синџир на самоникнати видови, и тоа на две нивоа.

    Примарно, ниво на откупувачи, каде што повеќето учесници се мали компании или поединци, како и во поголемите компании извозници кои ги обезбедуваат своите суровини од собирачите.АгБиз идентификува потреба од заедничка поддршка на учесниците во синџирот на додадена вредност за самоникнати видови за имплементација на НАССР системот и додавање на вредност и поголема конкурентност на нивните производи преку спроведување на системите за безбедност на храната и обезбедување на стандарди за квалитет во рамки на нивното работење. Во партнерство со компаниите, АгБиз ангажираше четири локални консултантски компании и двајца локални консултанти да воведат НАССР-базирани системи за безбедност на храната во 30 мали компании (откупувачи) и три поголеми извозници на самоникати видови. Дополнително четири извозници од секторот беа поддржани да се постигне органска сертификација.

    Овој збир на активности имаше позитивно влијание не само за откупувачите и извозниците, туку исто така, позитивно влијаеше на целиот синџир на снабдување, преку воспоставување на долгорочна соработка помеѓу откупувачите и извозниците, со што се осигури откупот на самоникатите видови кои ги собираат околу 60,000 индивидуални собирачи."Ова е огромен чекор во вистинската насока за иднината на секторот за самоникнати видови. Ние сме посветени на континуираната имплементација на заеднички активности како што е спроведување на HACCP системот, преку новоформираното здружение "Шумски плод". Не само што е подобро да се понудат безбедни производи за нашите купувачи, туку, исто така, HACCP-от ги прави нашите компаниии поодржливи, благодарејќи на пониските трошоци за спроведување на системот, заради здружението и групното спроведување на системот", рече г-дин Драган Марковски, откупувач на самоникнати плодови.

    Компаниите од секторот на кои АгБиз им помогна да ги почувствуваат придобивките од системите за квалитет и безбедност на храната сега се во можност да понудат побезбедни производи, да постигнат подобри цени и да го одржуваат задоволството кај потрошувачите.

    Преработка на диви печурки Согласно принципите на HACCP Спроведување на принципите за безбедност на храната во фирма за самоникнати шумски плодови (билки)


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English