Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    АгБиз програмата на УСАИД им помага на македонските фирми од агробизнисот да пристапат до ИПАРД фондовите

    За време на процесот на пристапување во ЕУ, Македонија има право да користи Инструмент за претпристапна помош (ИПА) фондови. ИПА Програмата за рурален развој (ИПАРД), се очекува да стане достапна до крајот на 2009 година, и е наменета да придонесе кон одржлив развој на руралните области и модернизација на земјоделството и агробизнисот, со цел учесниците да можат да ги исполнат стандардите на Унијата. Користење на овие средства, зависи од апсорпцискиот капацитет на секторот и неговата способност да развијат и аплицираат за финансирање на одржливи проекти кои се во согласност со специфичните барања на ИПАРД. За успешно аплицирање за ИПАРД поддршка, Македонија мора да стимулира повисока свест за ИПАРД мерките и да изгради капацитет на потенцијалните корисници и нивните консултанти. Затоа, ова лето АгБиз организираше две работилници за ИПАРД, на кои учествуваа представници од три синџири на додадена вредност. Во јули и август 2009 година, 47 учесници од фирмите кои работат со преработки од зеленчук, вино и производство на свежи производи и нивните консултанти присуствуваа на серијал од интензивна обука, во траење од два дена, на тема "Како да подготват предлог проекти, да аплицираат и да ги менаџираат средствата од ИПАРД".

    Целта на ИПАРД работилниците е да се помогне на клиентите од овие синџири на додадена вредност, подобро да ги разберат критериумите, процедурите и видот на проектите кои можат да се квалификуваат за ИПАРД, како и да се зголеми капацитетот на менаџерите да ги користат ИПАРД бенефициите, непосредно кога ќе станат достапни. Работилницата на која присуствуваат представници од фирмите, преработувачи на зеленчук беше организирана во соработка со Македонската Асоцијација на Преработувачи. Исто така, и неколку локални консултанти учествуваа на работилницата. Работилницата беше исклучително техничка, со релевантни сесии на кои менаџерите на компаниите и потенцијалните ИПАРД консултанти се здобија со ажурирани информации, како да се изготви бизнис план, водичи за подготвување на апликацијата, критериуми за безбедноста на храната и на животната средина и чекорите за подготовка на успешна ИПАРД апликација. Ова им помогна на учесниците да го разберат процесот, улогата и одговорноста на апликантите, видови на инвестиции, подобни и не подобни трошоци, финансирање на инвестициите, надоместок и критериумите за оценка на проектот.

    "Пристапот до средтствата од ИПАРД е одлична можност за надградба на мојите производствени погони со цел задоволување на критериумите на ЕУ, но очигледно е дека искористувањето на дел од EU40 милиони евра од ИПАРД програмата воопшто нема да биде лесно. Ние, најверојатно, ќе мора да работиме со консултант за развој на апликација. Сепак, добрата вест е дека тие трошоци се враќаат, ако апликацијата биде одобрена.” кажа еден од учесниците, предствник на фирма преработувач на зеленчук.

    Учесниците беа охрабрени да почнат наскоро да подготвуваат предлози за проекти, со цел да можат да се пријават веднаш штом ќе објавен повикот за пријавување. АгБиз ќе продолжи да идентификува најконкурентни и соодветни извори на финансирање за нашите клиенти за да им помогне да ја зголемат својата конкурентност на пазарот за извоз.

    Како дел од своите активности за пристап до финансии, во 2008 година АгБиз организираше работилница на која беа презентирани примери од бугарските и романските компании за начинот на користење на САПАРД фондовите. Овој настан имаше за цел да им помогне на македонските фирми од агробизнисот да ги слушнат искуствата на соседните земји во пристапот до фондовите на ЕУ.
    Економски застој во светот сериозно го ограничи износот на кредити на располагање на македонските агробизниси, и негативно влијание на нивната конкурентност. Во средината на 2009 година, АгБиз организираше две успешни сесии за ИПАРД за да им помагне на нашите клиенти и нивните консултанти да го запознаат процесот, улогата и одговорностите на барателите, квалификации за одобрување, подобни и не се подобни трошоци, надоместок за финансирање и размислувања, како и критериумите за оценување на Проектот. Ова знаење ќе им овозможи да бидат подготвени за доставување на ИПАРД апликации, како и подобрување на нивната способност да достават успешни апликации.

     


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English