Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    Добрите односи со производителите го осигура одржливиот извоз на Виви Пром

    Овошјето и зеленчукот како на пример зелката, доматите, краставиците и пиперките растат во изобилство во Македонија. Сегашни пазари за овие производи се главно екс-југословенските земји, но ова ситуација полека почнува да се менува. Во изминатите неколку години, пазарите во другите земји, особено каде се доминантни продавниците на мало, потрошувачите почнуваат да ги менуваат своите навики. Ваквиот тренд,беше голем предизвик за македонските извозници на свежо, имајќи во предвид дека овие производи беа главно извезувани во рефус, но во текот на последните неколку години почнаа да се извезуваат во малопродажни пакувања.

    Од вкупниот извоз на прехранбените производи од Македонија кој изнесува околу $ 254 милиони американски долари, 20,6% се однесуваат на извозот на првите пет најбарани земјоделски производи од свежиот зеленчук - пиперки, домати, зелка, краставици и дињи. Во последните десет години, вкупната вредност на извозот на овие пет производи се зголемил од $16,2 до $ 52.2 милиони американски долари, а најголемиот раст отпаѓа на доматите и зелката. Овој раст е резултат на зголемената побарувачка за свежиот зеленчук на меѓународните пазари. Еден од главните извозници на македонските производи од свежо овошје и зеленчук е Виви Пром, компанија лоцирана во јужниот дел на Македонија, и е една од 179-те фирми, соработници на АгБиз.

    Виви Пром произведува и продава земјоделски производи, главно домати.Поволната клима и производството под фолија обезбедува континуирано производство и продажба на производите. Компанијата започна со производство во 1991 година, кога работеше со мал број на производители,а денес тесно соработува со 640 производители. Компанијата извезува повеќе од 7.000 тони земјоделски производи на годишно ниво, од кои 95%, наменети за меѓународните пазари. Во Виви Пром работат седум работници со цело работно време, а во тек на сезона, бројот на сезонските работници изнесува и до 55.

    Успехот на Виви Пром, барем дел од него, се должи на позитивните односи со одгледувачите. Пред 19 години, Виви Пром им помогна на своите примарни производители да се организираат во здружение наречено “Виви Коопер”со цел поефикасно да соработуваат меѓусебе, и успешно да го спроведат ГлобалГап системот, на тој начин осигурувајќи му на Виви Пром непрекината понуда на квалитетен производ наменет за извоз.

    Согледувајќи ги овие резултати и извозниот потенцијал на Виви Пром, УСАИД преку својата АгБиз Програма одлучи да го поддржи предлогот на компанијата за ангажирање на локална консултантска фирма да подготви Физибилити студија и техничка документација за изградба на комора за ладење и инсталирање на потребната опрема. Наодите од студијата, сосема ги оправда плановите на Виви Пром за својата инвестиција, но во исто време компанијата доби дополнителни детали и упатства како на најоптималниот начин да продолжат со својата инвестиција. Студијата, исто така, помогна на Виви Пром, да го планираат сопственото производство и извоз на калибрирани, а во иднина, сецкан и замрзнат кромид што на крајот ќе влијае врз зголемување на бројот на вработените и проширување на производната линија.

    "Студијата ќе ни помогне да подготвиме и апликација за ИПАРД или барање до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и неговата програмата за поддршка на рурален развој. Оваа студија го потврди нашиот потенцијал за проширување и воедно ја поддржа нашата верба дека можеме да бидеме уште подобри "; рече г-дин Драган Костадинов, менаџерот на Виви Пром.

    Виви Пром е една од 17-те фирми од вкупно 179 фирми од агробизнисот кои добија краткорочна техничка помош од АгБиз програмата на УСАИД. Програмата, исто така овозможи поддршка на Виви Пром да учествува во други активности за зајакнување на извозната конкурентност, како на пр., студиското патување и B2B во Полска, студиско патување во Калифорнија за најголемите извозници на трпезно грозје од Македонија; во Тирана, на студиско патување на меѓународниот саем; Фрутлогистика во 2009 година; работилница каде се презентираат наодите од студијата за персоналниот данок на доход, ИПАРД Обука за менаџери на фирми од свежо овошје и зеленчук; и работилница за презентација на наодите и препораките од студиско патување во Калифорнија за извозниците на трпезно грозје.

     


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English