Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Пазарите на ЕУ ги бараат македонското свежо овошје и зеленук

    Во партнерство со Швајцарската програма за унапредување на увозот ОСЕЦ (Osec / SIPPO) и АгБиз Програма на УСАИД во Македонија, седум македонски компании повторно изложуваа на национален штанд на Фрут Логистика.

    Излагањето на национален штанд им овозможи на компаниите да
    воспостават нови, да ги зајакнат постоечките деловни контакти и да ги подобрат можностите за зголемување на извозот на македонските прехранбени производи. Седумте македонски излагачи оваа година се Туран, Алтра, Виви Пром, Агрохемија, Баџо, Авто Риа и Антарес.

    Тридневниот настан на излагачите им овозможи одлична основа за воспоставување на деловни зделки; можности за создавање на директни контакти за правење бизнис низ целиот свет и единствена можност да седобие комплетен преглед на последните трендови во бизнисот поврзан со свежите земјоделски производи.

    Ова е втора година за македонските произведувачи на свежо да изложуваат на Фрут Логистика. Успешното учество на седумте македонски компании од минатата година резултираше со повеќе од 529,000 Евра во непосредна продажба и представуваше одлична можност за воспоставување на нови односи меѓу клиентите.

    Оваа година клиентите на АгБиз постигнаа уште поголеми успеси во споредба со минатата година! Исклучителниот изглед на штандот, добрата позиција на истиот како и висококвалитетните производи кои беа изложени беа клучните фактори за одличното претставување на македонските производи и резултатите кои се постигнаа подоцна.Опсегот на производите изложени на Фрут Логистика, вклучуваа свежо овошје и зеленчук, сушено овошје, ореви, зачини, органски производи, цвеќиња и растенија.

    Покрај можноста за излагање, АгБиз клиентите беа во можност да учествуваат на неколку трговски форуми организирани за време на саемот, а се однесуваа на маркетиг за свежо овошје и зеленчук. Овие едукативни сесии беа идеална можност за македонските излагачи да разменат искуства со своите потенцијални клиенти, да ги надградат релевантните знаења и деловни вештини, и да ги подобрат вештините за маркетинг.

    Како резултат на успешната презентација, беа воспоставени 420 нови контакти со потенцијални купувачи, произведувачи, шпедитери и продавачи на големо, а подоцна се потпишаа и нарачки за извоз на македонски свежи земјоделски производи во вредност од 4,4 милиони Евра, со вкупно 98 купувачи од цела Европа.

    Не помалку важни се искуствата стекнати за време на саемот, како што се најновите “know-how” технологии и практики за пакување, сортирање на свежото овошје и зеленчук по берба, кои доколку се применат значајно ќе ја подобрат продуктивноста на фирмите од агробизнисот.

    АгБиз програмата (АгБиз)им помага на македонските фирми од агробизнисот да ги подобрат извозниот потенцијал и зајакнат конкурентноста.

    “Фрут Логистика е водечко меѓународно место за средба на трговци со свежи производи. Оваа високо квалитетна саемска манифестација на фирмите поврзани со свежо овошје и зеленчук им понуди идеална можност за претставување на своите производи во рамки на целиот ланец на вредности, односно од одгледување на производите до нивната
    продажба."

    -Ристо Тембелевски, сопственик на Авто Риа, компанија за производство, преработка и трговија со земјоделски производи.


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English