Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     


    Усовршување на Македонските Врвни Вина

    Соодветната просторија и технологија за зреење на виното во дабови буриња допринесе Бовин да ја зголеми својата линија на квалитетни вина

    Бовин е првата приватна винарија во Македонија, основана во 1998 година кога продажбата на висококвалитетни бели и црвени вина изнесуваше 120.000 шишиња. Во текот на следната деценија Бовин го зголеми својот капацитет за производство на вино на еден милион литри. Сепак, за подобрување на својот имиџ и палета на производи, винаријата требаше да ги прошири своите капацитети и да воведе технологија за зреење на виното во дабови буриња.

    Ова ќе овозможи Бовин да додаде дополнителна вредност на своите врвни вина, да ја зајакне конкурентноста и воедно да го зголеми својот извоз.Препознавајќи ја важноста и вредноста на помошта од ланецот на додадена вредност за виното на АгБиз, Бовин побара поддршка за понатамошно подобрување на квалитетот на виното, да инвестира во проширување на палетата на производи вклучувајќи и (barrique) вина, (вина зреени во дабови буриња) како и промоција и развој на винскиот туризам.

    Врз основа на предлог проектот на Бовин, АгБиз додели грант на винаријата како придонес за реализација на проектот за изградба на просторија за зреење на виното во дабови буриња, простории за дегустација, набавка на дабовите буриња, обука на персоналот за производство на виното со користење на технологијата за зреење на виното, како и набавка и инсталација на дробилка за грозје. Покрај оваа придобивка од АгБиз, представници на Бовин учествуваа во обуката за унапредување на знаењето и начинот за користење на технологијата на зреење на виното во дабови буриња , водена од меѓународен експерт за производство на вино, кој сподели практични совети и препораки до винарниците за користење дабови буриња, алтернативните методи за чување и зреење на виното. Бовин ги усвои сите дадени препораки.

    Како резултат на новата технологија користена од страна на Бовин, и новата просторија за зреење на виното во дабови буриња, Бовин е во можност сега да произведува висококвалитетни вина во буриња, и заради тоа во 2009 година започна со зреење на 10 буриња Вранец, 26
    буриња Дисан (специјален вид на Вранец), шест буриња Каберне Совињон, Мерло девет буриња и четири буриња Шардоне, сите зреени во македонски даб.

    Значително проширената соба за дегустација, изградена како дел од проектот ќе му овозможи на Бовин да служи повеќе типови од своите квалитетни вина наменети за посетителите, како и можност за дирекна продажба на туристите.

    "Досегашниот процес на правење на вината е извонреден. Тоа што го имаме изградено со поддршка на АгБиз проектот се покажа дека е од голема важност за нашата винарска визба, но најважно е тоа што додава поголема вредност на нашите вина и не прави поконкурентни
    на пазарот на врвните вина ", рече Јани Богевски, менаџер за продажба на Бовин.

    Бовин е еден од четирите винарски визби од 20 македонски фирми од агробизнисот кои реализираат проекти за деловен развој поддржани со грантови од страна на АгБиз програмата на УСАИД. Дополнително, преку активности поддржани од АгБиз, Бовин имаше можност да изложува на престижниот саем за вино “ ProWein”во Дизелдорф, Германија во ’08 и ’09, промовирање на нивните вина на меѓународниот саем за вино во Велика Британија во ’09, како и да се идентификуваат можности за влез на истиот пазар, учество на хуманитарниот настан за дегустација на вино, организиран од страна на Меѓународното здружение на жени, Учество на обуката "Како да се аплицира за фондовите од ИПАРД" и во активноста за промоција на "Вина од Македонија".


ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English