Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Претставување на македонските производи на меѓународниот саем Глобален саем на храна и стил (2008) Чикаго, САД
     

    Со поддршка од Програмата АгБиз на УСАИД и министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) пет македонски претпријатија, односно „Алтра“ (Гевгелија), „Универзал промет“ (Кочани), „Бонум“ (Скопје), „Тргопродукт“ (Струмица), „Ларс“ (Штип) и „Интермак“ (Велес) изложуваа на Глобалниот саем на храна и стил Чикаго 2008 и по саемот учествуваа во студиско патување во кое беше вклучена посета на американските продавачи на опрема за преработка на зеленчук на територијата на Чикаго.

    Македонските фирми од вредносните синџири на преработен зеленчук и шумски плодови се многу извозно ориентирани, и извезуваат меѓу 80 и 95 отсто од своето производство. Со оглед на големите заедници доселеници од Македонија, прекуморските пазари какви што се Австралија и САД се клучни пазари за прехранбени специјалитети на овие фирми. Покрај тоа, големи количества македонски прехранбени производи од шумски плодови, какви што се печурките и зрнестите плодови, пристигнуваат на пазарот во САД преку канали за додавање вредност и дистрибуција во коишто преовладуваат компании со седиште во Европската унија.
    Годинава, Глобалниот саем на храна и стил претставуваше комбинација на Сите органски нешта и Изложбата на американски извоз на прехранбени производи со цел да се спојат најбрзо растечките сегменти во прехранбената индустрија и да се соберат 350 домашни изложувачи од сите краишта на САД. Меѓународните павилјони претставија нови егзотични прехранбени специјалитети од целиот свет. Саемот во 2007 година прикажа храна од 16 земји, меѓу кои Аргентина, Австралија, Канада, Кина, Англија, Франција, Германија, Грција, Исланд, Израел, Јапонија, Кореја, Литванија, Полска, Србија и Црна Гора, Соединетите Американски Држави, а годинава им се приклучи и Македонија.
    Македонските фирми открија нови производни линии и артикли што можат да им обезбедат дополнителна посебност и привлечност на нивните сопствени производни линии. Дистрибутерите и потрошувачите пројавија голем интерес за традиционалните македонски производи какви што се ајварот и лутеницата.
    По оваа прва директна средба на македонските индустриски преработувачи на прехранбени производи со северноамериканскиот пазар за прехранбени специјалитети, АгБиз програмата на УСАИД ќе им помогне на македонските мали и средни претпријатија во вредносниот синџир на преработен зеленчук и шумски плодови да го искористат искуството и новоткриените можности, како и контактите воспоставени на саемот. Тука ќе биде вклучена помош за изготвување на стратегии за маркетинг со кои ќе ги искористат согледаните можности, како и поддршка за делотворно претставување на македонските производи пред американските купувачите. Американските и македонските консултанти кои ги помагаа учесниците на саемот во Чикаго, ќе имаат важна улога во осигурувањето на успешноста на овие усилби.

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English