|
УСАИД
ја подобрува конкурентоста на фимите од Макеоднкиот
агробизнис на пазарите за извоз
На
3 јули 2008 година УСАИД АгБиз Програмата одржа
Церемонија за
потпишување на грантови со која се започнаа проекти
за развој на извозот за девет македонски агробизниси
кои работат во областите на вино во шишиња, свеж
зеленчук, преработен зеленчук и диворастечки шумски
производи. Присутните на церемонијата вклучува
представници од УСАИД/Македонија, Министерството за
Земјоделство, Шумарство и Водостопанство,
Министерство за Економија, и македонските
консултантки компании кои им помогнаа на грантистите
да ги проценат своите проекти.
Компаниите кои потпишаа договори за грантови за
АгБиз да ги поддржи нивните проекти за унапредување
на конкурентноста и проширување на деловното
работење се: „Баџо“, „Ларс“, „Випро“, „Агрос 2004“,
„Дентина“, „Авто Риа“, „Бонум Плус“, „Коколански“ и
„Попова Кула“. Проектите насочени кон извозот кои ќе
се имплементираат од овие компании ќе бараат вкупна
инвестиција од преку 3,2милиони УСД, а се очекува да
резултираат со зголемување на продажбата од извозот
за 28 милиони УСД до крајот на 2010 година.
Овие проекти ќе ја подобрат конкуретноста за извозот
на фирмите од агробизнисот преку обезбедување на
обуки, маркетинг активности, техничка поддршка,
физичко проширување на бизнисите и набаква на
опрема. Повеќето од овие проекти ќе обезбедат
фирмите да почнат да работат со производи со
додадена вредност, да развијат или зголемат нивниот
дел на извозните пазари, да го зголемат
прозиводството или капацитетите за пакување и да ја
подобрат продуктивноста.
Со имплементацијата на овие проекти за проширување
на бизниси ние ќе постигнеме поголема продажба што
ќе резултира со повеќе вработувања! Имплементирањето
на нови стандарди во производните процеси кои ќе
обезбедат додадена вредност за нашите производи е
една од клучните цели на нашите проекти! Преку
имплементација на ефективни маркетинг стратегии ние
очекуваме подобар извоз!“, кажа Г. Виктор Петков,
сопственикот на преработувачката компанија “Випро“.
Целта на Програмата е да им се овозможи стопанските
субјекти во земјоделствотода ги идентификуваат,
разбираат и одржливо да се пробиваат на
извознитепазари за производи со додадена вредност;
да се зајакнат пазарните врски меѓупроизводителите,
преработувачите и трговците; да се унапреди
управувањето,работењето и конкурентноста; да се
остваруваат поголеми приходи за земјоделските
производители и преработувачи; и да се создаваат
можности за нови вработувања.
АгБиз Програмата им овозможува на стопанските
субјекти во земјоделството да ги идентификуват,
разбираат и одржливо да се пробиваат на извозните
пазари за производи со додадена вредност.
АгБиз Програмата им овозможува на стопанските
субјекти во земјоделството да ги идентификуват,
разбираат и одржливо да се пробиваат на извозните
пазари за производи со додадена вредност. |