|
УСАИД
се грижи за безбедноста на храната
Во
септември, АгБиз програмата на УСАИД
организираше тродневна работилница за HACCP
систем – поставување, проверување и одржување.
Целта на оваа активност како дел од програмата
за зголемување на човековите ресурси беше
запознавање со HACCP (Анализа на Опасноста и
Критичните Контролни Точки (АОККТ) за фирмите од
македонскиот агробизнис кои работат во три
синџири на додадена вредност и кои ги препознаа
предностите од соодветно аплицирање на овој
систем, кој во крајна линија влијае врз
производство на безбедна храна.
Според македонскиот закон за безбедност на
храната сите учесници во производството на храна
во Република Македонија од 1.1.2009 година
мораат да воспостават, имплементираат и
одржуваат HACCP принципи. Оваа барање е наменето
за сите производиели на храна независно од тоа
дали произведуваат храна за домашниот или пак
извезуваат за ЕУ пазар.
Учесниците на работилницата беа од различни
фирми и тоа од компании кои работат со трпезно
грозје, самониканти шумски производи, и звеж
зеленчук. Но исто така, придобивки од обуката
добија и представници од сертификациски тела
како и представници од призводителите на
органски производи. Компаниите кои присуствуваа
на обуката беа “Флорес ”, “Агротиквеш”, “Ледра
Агро”, “Виган”, “Ангромаркетинг”, “Душан
Ќириќ”,и “Балкан Биосерт ”, сетификациско тело,
и предствници од “Федерацијата на Производители
на Органски Производи од Македонија”. Шеснаесет
предствници од осум фирми присуствуваа на
обуката каде се здобија со детални информации за
тоа што значи HACCP и кои се придобивките од
неговото поставување во компаниите.
Целта на оваа работилница беше менаџерите на
компаниите и HACCP тимовите од компаниите да се
добијат со информации за производот и за
сопствените технологии на производство што ќе им
овозможи лесно да препознаат каде и како може да
се јави проблем со безбедноста на храната, но и
како превентивно да се влијае да не се јави
проблем.
“Добивме информации каде да продолжиме и како да
го користиме HACCP системот, и како да ја
подобриме контролата на нашето производтсво!.
Запознавајќи го овој стандард, ќе ни овозможи
додадена вредност на нашите производи, и ќе ни
овозможи да бидеме поконкурентни на регионалните
и светските пазари. ! кажа еден од учесниците на
обуката.
Основната работа карактеристична за HACCP
системот е превенцијата, а не инспекцијата.
HACCP системот представува самоконтрола на
безбедноста на храната. Со други зборови
примарната одговорност за безбедноста на храната
ја имаат одговорните лица што ракуваат со
храната!” кажа Проф.Д-р. Владимир Какуринов,
еден од обучувачите.
АгБиз обезбедува повеќе видови поддршка за
корисниците со цел да им помогне да ја подобрат
својата конкурентност на целните пазари, преку
организирање на обуки, маркетиншки активности,
техничка поддршка, зголемување на деловните
капацитети и набавка на напредна технологија.
АгБиз Програмата работи на одржливо значително
зголемување на конкуретноста на фирмите од
агробизнисот, производителоте, преработувчите и
продавачите, кои работат индивидуално или во
групи, и учествуваат во синџирот на додадена
вредност кој има добар потенцијал на извозните
пазари, особено на оние за производи со додадена
вредност, и коишто нудат можност за позитивен
ефект врз широки основи.
Досега, АгБиз обезбеди организирашње три
активности од програмата за
зголемување на капацитетите на човечките
ресурси. Две од нив се однесуваа на HACCP
системот за клиентите од четири од вкупно пет
синџири на додадена вредност на АгБиз
програмата; (вино во шишиња, трпезно грозје,
свеж зеленчук и самоникнати шумски производи).
Вкупно 13 фирми од четирите синџири на додадена
вредност учествуваа со 24 предствници, кои земаа
учество на обуката и се здобија со сертификат за
“Поставување, проверување и одржување на HACCP
систем” издаден од група на локални експерти.
|