Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Стандарди за FairWild собирање на медицински, ароматични и други диворастечки растенија
     

    Во април, Шведската програма за унапредување на увозот и програмата АгБиз на УСАИД со заедничка иницијатива организираа дводневна работилница FairWild во Маврово на тема „Стандарди за FairWild собирање на медицински, ароматични и други диворастечки растенија“.

    Дваесет и двајца претставници од компании од целата земја, од Кичево на запад до Берово на исток, претставија 16 компании од областа на шумски производи, едно јавно претпријатие и една Агенција за сертифицирање кои присуствуваа на работилницата за да се здобијат со знаење за основите и деталите за стандардите на FairWild и процесот на сертифицирање. Работилницата се изведува од обучувачи од OSEC, Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија, Институтот за Маркет Екологија со седиште во Швајцарија, агенција за сертифицирање за акредитации за органско потекло, фер трговија и шумски производи.

    Работилницата резултираше со обемна отворена и интерактивна дискусија на различни теми како што се: како а се зајакне капацитетот на организациите кои се бават со шумски производи, и синџирите на вредности, и како да се здобијат со меѓународни сертификати и безбедност како и да се зголеми конкурентноста на производите на компаниите.

    Клиентите на АгБиз го искажаа своето мислење и ставови околу типовите и капацитетот на активностите кои се неопходни за да се зајакне нивниот бизнис. Круцијални чекори кои треба да се превземат се: здружение кое ќе ги артикулира интересите на компаниите, консалтинг, обука во компаниите, учество на саеми, состаноци бизнис со бизнис.

    “Компаниите треба да се организираат во здружение, за да имаме кому да се обратиме кога ќе ни треба информација.” Рече Томислав Петров, менаџер на националниот парк „Пелистер“.

    “Потребно ни е ова знаење и лидерство од познати експерти! Мораме да разбереме дека пазарот тоа го бара! Имплементирање на стандарди, маркетинг, подобра презентавија на нашите производи и зајакнат производен процес се наши специфичности и клучни потреби со цел да се влезе на пазарите или регионално или глобално“ рече г. Илбер Садику, со-сопственик на Грин Фанго од Гостивар, компанија која е специјализирана за извоз на диви печурки со додадена вредност.

    Претставници на две македонски водачки компании од синџирот на вредности од шумскит сектор, „Алкалоид“ и „Коро“, го признаа значењето на процесите за сертификација “FairWild”,како и непосредната имплементација на стандардите на FairWild како директни резултати од работилницата.

    Програмата АгБиз на УСАИД внимателно ќе ги следи активностите кои произлегуваат од работилницата и ќе соработува со учесниците од синџирот на вредности за шумски производи за да им помогне да ги постигнат овие цели.

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English