Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Македонските компании за трпезно грозје учат од своите Јужноафрикански колеги- на четврто место по извоз на трпезно грозје во светот

    Во фебруари 2008 претставници од македонскиот сектор за трпезно грозје, заедно со Др. Крум Бошков, професор од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од oдделот за лозарство и производство на вино, учествуваа во студиско патување за трпезно вино во Кејп Таун, Јужна Африка. Во текот на овој десетдневен настан претставници на најзначајните играчи во македонскиот сектор за трпезно грозје имаа единствена можност да видат некои од најдобрите лозја за трпезно грозје во светот.
    АгБиз програмата на УСАИД имаше слух за потребите на производителите и со поддршка на Јужноафриканскиот Институт за трпезно грозје организираше студиско патување до најголемиот извозник на сезонско трпезно грозје до пазарите на ЕУ. Јужна Африка извезува повеќе од 200 милиони килограми на трпезно грозје годишно,


    Јужна Африка извезува повеќе од 200 милиони kg трпезно грозје годишно, со што е четвртиот најголем извезувач на трпезно грозје во светот. Македонските компании кои oтпатуваа во Јужна Африка имаа единствена можност да видат некои од најдобрите лозја за трпезно грозје и да го разгледаат процсот на одгледување и активности пред и по жетвата. Македонските сопственици и менаџери кои учествуваа во студиското патување ги евалуираа новите технологии и практиките кои ги користат успешните набавувачи на квалитетно трпезно грозје со додадена вредност на ЕУ пазарите. Учесниците на турата ги проучија интегрираните системи на производство и пост- жетвените системи со кои би им се овозможило на македонските компании конкурентно да извезуваат постоечки сорти на ЕУ пазарите и регионалните пазари, и научија како овие нови системи можат да помогнат свежото грозје да ги достигне стандардите на ЕУ за продажба во супермаркети.


    АгБиз програмата на УСАИД обезбедува ексклузивна можност за македонските фирми да посетат модерни фабрики за трпезно грозје, особено високотехнолошки центри за пакување кои придонесуваат кон квалитетот и рокот на употреба на производите со додадена вредност и пакувано свежо грозје. Г. Јорданчо Ѓорчев, претставник од АД Тиквеш, рече: „Искуството со кое се здобивме е исклучително! Беше корисно за нас да видиме сосема нови и различни начини за одгледување на грозје во споредба со начините што ги знаеме во Македонија. Најновата технологија со која се запознавме, производниот процес во Јужна Африка, и искуството кое го стекнавме таму треба да се повтори овде до најголем можен степен, и тоа е вистинската патека која треба да ја следиме“.


    По студиското патување, петте сопственици на компаниите се сретнаа и разговараа за активности кои треба да се превземат во Македонија за да се зајакне конкурентноста на македонското трпезно грозје на регионалните и пазарите на ЕУ. Тие се фокусираа на имплементирање на систем за наводнување „капка по капка“: отварање на модерни центри за пакување и преземање на модерни мерки за производство на грозје на ниво на компанија. Заедничка потреба за која се заинтересирани при формирањето на Здружение за трпезно грозје кое ќе ги претстави интересите на производителите и дистрибутерите; изведување на проценка за тековно производство на домашно трпезно грозје и дистрибуција; вработување на меѓународен консултант (најверојатно оној што ги придружуваше во Јужна Африка) за да се подобри пост- жетвениот процес; и организирање на друго студиско патување со кое ќе се евалуира новиот систем за одгледување. АгБиз ќе работи со учесници во Синџир на вредности за трпезно грозје за да им помогне да остварат неколку од овие цели.

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English