|
Презентација на квалитетни вина од Македонија на
саемот “ProWein” во Германија
Со
поддршка на АгБиз Програмата на УСАИД, три
македонски винарии Бовин, Сковин и Попова Кула,
успешно учествуваа на најзначајната саемска
манифестација за вино во Европа. На саемот
учествуваа излагачи од преку 40 земји, а во
текот на трите дена повеќе од 33 000 посетители,
производители, импортери, дистрибутери, експерти
и љубители на вино имаа можност да бидат дел од
ова голем интернационален настан.
Сите оние, меѓу кои и врвни познавачи на вино,
кои имаа можност да ги дегустираат производите
на Бовин, Сковин и Попова Кула беа изненадени од
високиот квалитет и софистицираност на овие
македонски вина. Вината беа на исто рамниште со
некои од најпродаваните вина во категоријата. Од
посебен интерес беше “Вранецот” како сорта која
нуди врвни резултати и нуди нешто ново за се
попребирливите потрошувачи. Секако ова е
резултат на еден сериозен пристап на овие три
винарии, следејќи ги светските стандарди и
технологии во производството на квалитетни вина.
Г-дин. Јани Богевски, предствникот на Бовин,
изјави :”Искуството од учествувањето на ProWein
докажа дека ние произведуваме конкуренти
квалитетни вина. Сите што ги пробаа вклучувајќи
увозници, дистрибутери, сопственици на ресторани,
како и новинари од светски реномирани списанија
како Decanter, им дадоа висока оценка на нашите
македонски вина, што пак докажа дека
македонските вина се многу конкуретни во однос
на квалитет со другите реномирани вина.
Г-ѓа Марија Митева, предствничката од Сковин, за
ProWein смета дека е добар ресурс за откривање
на нови етикети за Сковин како и за пакувањата.
“Одлична можност да се види до каде е винската
индустрија, во смисол на технологија, дизајн,
како и на трендовите на индустријата за вино.“
И Игор Деловски, предствник на Попова Кула
изјави: “Ова беше важна можност за подобро
разбирање на ЕУ пазарот, дегустирање на различни
видови на вино и запознавање со различни
маркетиншки пристапи за промоција на вината.
Притоа беа остварени многу контакти со кои во
иднина може да се оствари долгорочна соработка.”
Сите три винарии, учесници на самиот саем беа
поддржани од страна на АгБиз со цел нивно
подобро предствување на PoroWein со што нивното
представување беше импресивно и успешно.
Впечатлив настап имаа претставниците од
Австралија, Чиле, Аргентина и Јужна Африка кои
се одличен пример за градење на бренд и
освојување на инаку се позаситениот светски
пазар. Преку претставувањето на неколку вински
асоцијации од Германија и конзорциуми од Италија
уште еднаш се покажа потребата од здружување и
заеднички настап на странските пазари што
недостасува на македонската винска индустрија.
АгБиз Програмата на УСАИД ќе им помогне на
излагачите на македонските вина да го искористат
знаењето и искуството за продажба постигнато на
ProWein, и ќе продолжи да обезбедува поддршка за
што поуспешна презентација на македонско
квалитетно вино и да се залага за зголемување на
извозот на вино во шишиња на регионалниот и
европскиот пазар.
|