Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Македонските извозници на свеж зеленчук, овошје и трпезно грозје учат од експерти од Полска

    Потенцијалниот влез на Македонија во ЕУ бара извозните агробизниси од Македонија да станат поконкурентни. Оваа е потребно со цел агробизнисите да можат успешно да се натпреваруваат на регионалните и локалните пазари во свет со отворени граници, и да се искористи или пак да се зајакне пристапот во ЕУ пазарите кои се резултат на членството во ЕУ. За да се оствари оваа цел, АгБиз организира најразлични активности за зајакнување на конкурентноста. Студиското патување кое вклучи и Бизнис со Бизнис состаноци (Б2Б) во Полска, беше една од последните активности, која оствари одлични резултати.

    Во октомври, девет македонски фирми кои работат во синџирите на додадена вредност на свеж зеленчук и трпезно грозје отпатуваа во Полска со цел подобро да ги разберат можностите на пазарот кој е шест по големина во Европа, за свеж зеленчук и овошје. Со популација од 38.2 милиони, Полска е важен потенцијален пазар за македонските компании кои работат со свежи производи. Пред оваа студиско патување, ниеден од учесниците не работел со полските увозници.

    Благодарејќи на УСАИД и на АгБиз Програмата, учесниците на студиското патување се сретнаа со 18 најголеми увозници на свежи производи, и посетија три институти за истражување на зеленчукот и го посетија пазарот на производи во Варшава. Во текот на овие четири дена со интензивна програма, секоја од фирмите имаше индивидуална презентација пред полските соработници. Потоа Б2Б состаноци се организираа помеѓу секој македонските свежи производи. Состаноците со институтите за истражување овозможија да се презентираат најсовремени технологии кои можат да овозможат сигурен пласман на свежите производи на пазарот во Полска.

    “Оваа е одлична можност да се сретнат најголемите купувачи од Полска, и да се проценат нивните барања како и очекувања во однос на увезените свежи производи. Исто така, беше многу важно да се направи анализа на конкурентноста, споредба на цените и проценка на начинот на пакување на свежите производи од страна на конкуренцијата од Јужна Африка, Италија и Шпанија, како и нивната стратегија за пристапување и оддржување на полскиот пазар.”, кажа Г-дин Драган Костадинов, сопственик на Виви Пром.

    Оваа искуство овозможи македонските фирми самите да одлучат на кој начин ќе ги задоволат барањата на купувачите од Полска, и да научат како да бидат високо конкурентни. Секоја од фирмите идентификуваше потенцијален нов купувач и купувачи на големо, ги проучија најновите трендови, и сега ги разбраа пост-бербените техники потребни на свежите производи со цел да ги задоволат барањата на полскиот пазар.

    Три месеци подоцна откако заврши студиското патување, три од деветте фирми учеснички на студиското патување преговараат со увозници од Полска за откуп на трпезно грозје и свеж зеленчук од Македонија; и сите фирми отпочнаа со примена на научените нови технологии и менаџмент практики, особено во однос на сортирањето, калибрирање, пакување и дистрибиција на свежото овошје и зеленчук.

    Во рамките на активностите за зајакнување на конкурентноста, АгБиз до сега успешно организираше седум студиски патувања, осум саемски посети, единаесет обуки, значајна техничка помош како и други вдови на активности. Вкупно 433 лица учествуваа на овие активности, претставувајќи 104 фирми од агробизнисот од Македонија.


     

 

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English