|
Македонскиот сушен зеленчук ги освојува Европските
Пазари
Сушара
Ларс, е основана во 1985, и претставуваше
пионерски обид во преработувањето и
производството на сушен зеленчук во Република
Македонија. Компанијата беше целосно
приватизирана во 2000-та година, што овозможи
сериозни инвестиции и зафати во технолошкото и
производственото надградување на капацитетот. Со
својот модерен производен погон, Ларс е способна
да произведува високо квалитетни сушени
производи во согласност со исклучително високите
критериуми за безбедност и квалитет на храната,
како што се зелка, праз, боранија, пиперки,
брокула, спанаќ и карфиол.
Индивидуалните фармери обезбедуваат квалитетни
суровини за Ларс. Преку договорното
производство, фирмата ги снабдува
производителите со семенски материјал и ѓубрива,
што овозможува оддржливо производтсво и
континуитет на квалитетот на производот. Ларс
преставува еден од главните добавувачи на сушени
производи за домашната прехранбена индустрија.
Сепак, најголемиот дел од производството на Ларс
е наменет за извоз на пазарите во регионот и во
ЕУ - Холандија, Германија, Италија, Хрватска,
Србија и Црна Гора, и Грција.
Како еден од клучните актери во преработувачката
индустрија на зеленчук во Македонија, Ларс е
фирма која може да има исклучителен придонес за
зајакнување на конкурентноста на синџирот на
вредност на преработувачката индустрија. УСАИД
преку својата АгБиз програма го препозна Ларс
како добар потенцијален клиент, и на 30ти Јули
2008 му додели 20,000 американски долари за
реализација на проектот “ Подобрување и
зголемување на продуктивноста и капацитетот на
сушениот зеленчук”. Вкупната вредноста на овој
проект изнесуваше $196,928.
За помалку од шест месеци по свеченото
потпишување на договорот за грант, проектот му
помогна на Ларс да ја унапреди својата позиција
како водечки производител од Македонија, трговец
и снабдувач на сушени производи на клиентите од
прехрабената индустрија. АгБиз му помогна на
Ларс да набави дополнителна опрема која вклучува
линија за центрифугирање за подготовка на
зеленчукот за сушење. Оваа нова производна
линија значително ја зголеми продуктивноста и
капацитетот на производството за 25%, се
намалија производните трошоци за 20%, се осигура
еколошко производство, што пак овозможи фирмата
да извезува повеќе дехидрирани производи; и да
користи повеќе суровини произведени од домашните
примарни производители до 16 тони дневно, во
споредба со 12-те тони пред потпишување на
грантот со АгБиз. Во 2009, Ларс ќе го зголеми
својот извоз за близу 20% на регионалните и
светските пазари.
Ларс стана подоверлив и навремен снабдувач на
преработен зеленчук, следејќи ги строгите
критериуми за безбедност и квалитет на храната и
гради долгорочни партнерски односи со своите
клиенти, има флексибилна политика за
определување на цените следејќи ги светските
пазарни трендови.
“По многуте контакти со луѓе и фирми од Европа,
и најразлични истражувања на пазарот, заклучивме
дека Македонија има одличен потенцијал за извоз
на сушен зеленчук и овошје. Оваа е иднината на
нашата компанија!” кажа Г-дин. Дарко Насков,
сопственикот на Сушара Ларс, од Штип.
АгБиз програмата на УСАИД обезбедува повеќе
видови на поддршка на фирмите од агробизнисот.
Оваа вклучува проекти за деловен развој кои ја
зајакнуваат конкуретноста на фирмите од
агробизнисот за извоз преку обуки, марктетиншки
активности, техничка помош, зголемување на
физиките капацитети преку набавка на современа
опрма.
Повеќето од проектите ги поддржуваат бизнисите
да произведуваат производи со додадена вредност,
развијат или пак да го зголемат својот удел во
извозните пазари, да ги зголемат погоните за
преработка и центрите за пакување и да ја
зголемат продуктивноста.
19 грантови за деловен развој се потпишани,
проектите кои се поддржани од овие грантови се
очекува да го зголемат извозот на земјоделските
производи за близу 41 милион американски долари. |