Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Осум македонски компании за обработка на храна ги истражуваат
    можностите за зајакнување на конкурентноста во Турција

    Во јануари 2008, осум македонски компании, членки на Македонското здружение на производители (MAP) и нивните претставници учествуваа во студиско патување со фокус на трансфер на технологија, кое вклучи посета на FOOD- TECH 2008, саем за технологија за храна во Истанбул, Турција.

    Поради зголемената побарувачка на храна со додадена вредност и поради притисокот врз цените што го прават малопродажниците, компаниите за производство на храна треба да ги искористат новите технологии и високопродуктувната машинерија да го прошират својот спектар на производи и ефикасноста, а со тоа и конкурентноста. Турските производители на машини за производство на храна и опрема превземаат големи инвестиции фокусирани на истражувања и развојни активности за да се задоволи растечката побарувачка. Турската индустрија за технологија на храна е најмодерна во регионот, водена од рапиден растеж на турската индустрија за храна и нивната побарувачка за модерна технологија за производство на храна.
    Проектот АгБиз на УСАИД ја препозна потребата за ова за македонските земјоделци и заедно со Македонското здружение на производители организираше петдневно студиско патување кое вклучи и посета на саемот FOOD-TECH, саемски посети и средби помеѓу претприемачите. Саемот FOOD-TECH им овозможи на претставниците на македонските претставници за обработка на храна можност да се запознаат со технологијата и машинеријата за производство на храна со која ќе се постигнат високи стандарди во производството на храна и добра оперативна ефикасност.


    Компаниите имаа можност да посетат три турски приватни компании, водачи во својот сектор; „Бигтем” водач во инженерство, дизајн и производство на процесори за храна, лоциран во Истанбул; Компанија за преработка на маслинки и зеленчук „Идонја“ и компанија за преработка на семе „Необи“ и двете од Измир

    Македонските производители зборуваа со менаџерите на „Бигтем“ и техничкиот персонал за модерни системи и опрема за обработка на храна. Како резултат, „Бигтем“ ќе ги снабди македонските компании со барабани за филтрирање со што ќе се обезбеди производство безбедно за животната средина и ќе ја зајакне севкупната конкурентност на нивните производи. За набавка на опремата беше потпишан пред- договор во вредност од 140,000 долари. По потпишувањето на овој иницијален договор, менаџерите на „Бигтем“ ќе ја посетат Македонија во фебруари 2008 за да потпишат договори со други производители за набавка на модерна технологија за обработка на храна.


    Кога АгБиз ги поврза членовите на MAP со „Идонја“, компанија за обработка на зеленчук, учесниците на студиското патување беа запознаети со производи на база на пиперка кои „Идонја“ ги извезува во ЕУ, САД и Канадскиот пазар. Тука спаѓаат и производи на скара, модар патлиџан конзервиран во маслиново масло и тиквички. Овие се успешни производи кои можат да се произведат и во Македонија.
    Кон крајот на студиското патување, членовите на MAP се запознаа со компанијата за семе „Необи“. „Необи“ го сподели своето големо искуство за развој на семе со македонските учесници, и нагласи дека употребата на „висококвалитетно и сертифицирано семе“ е критично за достигнување на поголем род и униформност на производството на зеленчук.

    Извршниот секретар на Македонското здружение на производители, г. Сашо Ристевски, водачот на студиското патување рече: „Научивме многу! Проектот АгБиз на УСАИД ни помогна да се запознаеме и да ја сфатиме новата технологија и како таа влијае на конкурентноста! Учесниците остварија 5 контакти со компании кои снабдуваат со сировини; потпишаа пред- договор вреден 140,000 долари; увидоа дека новата технологија и опрема го подобрува процесот, и научија од своите турски колеги за многу начини како можат да ги унапредат сировините, процесната технологија и производи и со тоа да ја подобрат својата конкурентност“.

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English