Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    Македонското “бамболино” лубеница на трпезите на Обединетото кралство

    Агролозар е агро-бизнис, од малото село Хамсали, од Босилово, Струмица регионот на југоисточна Македонија, кое што извезува земјоделски производи од регионот. Агролозар е основано како приватно претпријатие во 1993 година, и во 2003 година 85% од сопственоста е купено од претпријатието Агрохемија од Скопје.

    Следејќи го превземањето, Агрохемија стана голем производител на зеленчук од отворени полиња и од пластеници, како и важен добавувач на рано произведени патлиџани и трпезно грозје. Агрохемија расте многу брзо и постана водечко претпријатие за регистрација и дистрибуирање на комерцијални семиња во Македонија.

    Денес, претпријатието им обезбедува помош на своите клиенти за ефективна употреба на асортиман хибридни производи за производство на зеленчук развиени во УСА и Холандија. Агрохемија произведува некои од продуктите кои ги продава на 840 хектари земја од кои 600 хектари се лозје и другото насади со праски, крушки, дињи и бамболино лубеници.

    Агрохемија е единствениот производител на бамболино лубеници на Балканот, и има купувачи од Германија, Холандија и Австрија. Претпријатието, затоа што и недостасуваа контакти со купувачи од Обединетото Кралсто (ОК), но имаше интерес за извоз на нивниот пазар, менаџментот на Агрохемија ја контактираше Програмата АгБиз на УСАИД за да им се помогне за пристап на пазарите на ОК.

    Главната цел на АгБиз е да го зголеми стопанскиот раст во Македонија, преку зголемено, одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност, кое ќе се постигне со унапредување на способноста на производителите и преработувачите да бидат конкурентни во регионални и светски рамки. Преку активна подршка од тимот на АгБиз, успешна врска е поставена меѓу Агрохемија и партнерот на WalMart во Обединетото Кралство за продажба на “бамболиното”.

    Тимот на АгБиз го подржа претпријатието преку сите фази на преговори, и обезбеди техничка подршка за да се постигнат барањата на пазарите на ЕУ за експорт, поточно за ОК. Бројни состаноци беа организирани помеѓу претставниците на АСДА, партнерот на WalMart во ОК, и Агрохемија со помош на член од тимот на АгБиз.

    Благодарение на програмата АгБиз на УСАИД 50,000 парчиња (150 тони) “бамболино” лубеници се извезуваат во ОК, со вредност од $145,000 американски долари.

    “Овој договор значи многу за нашето претпријатие. Го продаваме нашиот производ, но во исто време ја промовираме нашата земја и македонските производи. “Бамболино”лубеницата на трпезите на ОК значи повеќе хектари посветени на производство за извоз, повеќе експорт и крајно повеќе вработувања!” рече Г-дин. Delco Baltovski, сопственик на Агрохемија.

    Успехот на продажбата на бамболино во ОК е предвидено да создаде нови можности за Агрохемија за продажба на други свежи производи во пазарите на ОК, како и да ја отвори вратата за другите извозници на свежи производи од Македонија.

    АгБиз Програмата на УСАИД им помага на своите клиенти да развијат вештини за маркетинг и/или материјали со кои се подобрува конкурентноста на претприј- атието или на група од претпријатија, вклучувајќи ја и подршката за бизнис со бизнис состаноци, фокусирани меѓу-народни студиски патувања и саеми, подобрување на маркетинг пристапот, и програми за создавање на подобар бренд и/или препознатливост на претпријатието.

    Од март 2007 година, AgBiz обезбедува редица узлуги на агробизниси од Македонија за да ја унапреди нивната конкурентност на регионалните и светски пазари. Во прошлата година АгБиз има работено со повеќе од 133 претпријатија од петте синџири на вредност, има обезбедено најмалку 17 подобрени технологии на клиентите и има обезбедено краткотрајни обуки на 216 клиенти.
    AgBiz неодамна потпиша девет грантови за проекти за зголемување на извозот и планира да потпише уште 11 во блиска иднина Проектите кои се подржани преку овие грантови предвидуваат зголемување на извозот на земјоделски производи за околу 39 милиони американски долари .

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English