Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz


Новости и успешни приказни од УСАИД АгБиз. Дознајте ги најновите информации за проектот АгБиз.

  • Вести и успешни приказни од УСАИД АгБиз
     

    МАКЕДОНСКИОТ АГРОБИЗНИС ГИ УЧИ НАЈНОВИТЕ ТРЕНДОВИ
    во маркетингот на свежо овошје и зеленчук во ЕУ

    Во февруари 2008 година претставниците на осум македонски агробизниси учествуваа во Мисијата за деловен развој во Берлин, Германија, која вклучуваше и посета на Меѓународниот саем за продажба на свежо овошје и зеленчук Фрут Логистика (FRUIT LOGISTICA) 2008. Оваа саемска манифестација им овозможува на индустриите што се занимаваат со трговија со овошје и зеленчук да го претстават својот аспортиман на услуги, од одгледување до продажба. Една од главните причини за привлечноста на Фрут Логистика е што е тоа компактна, исклучително делотворна манифестација фокусирана врз специфични целни групи. Поконкретно, за трговците со „егзотични“ производи од земјите во развој и од новите членки од Централна и Источна Европа таа е одлично место каде што можат да ги претстават своите производи пред меѓународните трговци и извонреден начин за воспоставување на нови контакти..

    АгБиз Програмата на УСАИД во партнерство со МАФП на ГТЗ и Швајцарската програма за подобрување на увозот (СИППО) ја согледаа важноста на еден ваков настан, особено за извозно-ориентираните македонски трговци со свежо овошје и зеленчук, и организираа четиридневно студиско патување коешто опфати и посета на саемот Фрут Логистика, посети на германските пазари на земјоделски производи и состаноци бизнис-со-бизнис. Додека беа во Берлин, учесниците се сретнаа со претставници на Минхенскиот гросистички пазар и Асоцијацијата на германските гростистички пазари, и го посетија Био (органскиот) супермаркет каде што видоа колку се значајни органските производи. Покрај тоа, тие го посетија и Гросистичкиот пазар за овошје (Fruchhof) и ја истражија можноста за изнајмување простор во пазарот.

    Асортиманот на производи застапен на Фрут Логистика вклучува свежо овошје и зеленчук, сушено овошје, коскесто овошје, зачини, биолошки земјоделски производи, цвеќиња и билки за самопослужните продажни места. Во Техничкиот центар беше изложена опрема за пакување, чување, транспорт, пренос и изложување на земјоделските производи. Пазарот на услуги, пак, понуди компјутеризирани решенија за управување со логистиката, транспортните услуги на фирмите, маркетинг на технологии (know-how) обука и надградувачка едукација. На саемот се одржуваа и форуми, коишто се идеална можност за учесниците да разменат искуства со слични фирми и да ги унапредат своите знаења и вештини.
    На ФРУТ ЛОГИСТИКА учесниците беа запознаени со најновите трендови и технологии во ракувањето со свежите плодови по бербата, вклучително чување, класифицирање, пакување и транспорт, со кои може да ги задоволат барањата на пазарот. Покрај тоа, саемот им даде можност на македонските фирми да стапат во врска со голем број потенцијални купувачи. Меѓу целните кушпувачи беа увозниците на свежи земјоделски производи, гросистичките пазари, гросистичките и малопродажните продавници, и компаниите за пакување и шпедиција. Како последица, учесниците потпишаа пред-договори во вредност од 357.000 УСД. Низ ова искуство, македонските продавачи на свежо овошје и зеленчук ја согледаа неопходноста од преземање чекори кон подобрување на оспособеноста за регионален и глобален натпревар. Меѓу најважните нешта што македонските фирми ги научија во текот на оваа посета е исклучителната важност на користењето на стандардно, рентабилно пакување; неопходниста да се поттикнат инвестиции во македонската пакувачка индустрија; важноста на делотворното етикетирање; како и прифаќањето на светските прехранбени стандарди како единствен пат кон проширено одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност и успешен извоз на пазарите во ЕУ.
    „Нови контакти, нови зделки, воведување на нови технологии и подобро разбирање на пазарот! Тоа е општиот ефект на студиското патување што го помогна АгБиз. Целиот свет работи глобално па и нашиот приод кон европските пазари мора да биде со понуда на големи количества и тоа со одличен квачлитет, а сето тоа треба да е потврдено со сертификати за стандардизиран квалитет. Тоа се лекциите што ги научивме и коишто ќе спроведеме во дело!“ изјави Кире Шошев од ДЗП Душан Кириќ ДООЕЛ, Росоман.

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English