Home   About AgBiz Our work Contact us Links USAID.gov USAID.gov
USAID
AgBiz
Се наоѓате тука » Дома » За АгБиз » Вести и успешни приказни » 2007 година » Лубеници

Лубеници

Драги Стојмировски никогаш не видел толку многу лубеници- плодна година е на Балканот.  Вишокот предизвика драстичен пад на цените, и земјоделците го оставаа овошјето да скапува на полињата. Но Стојмироски, со помошта на УСАИД, ја престори кризата во тримуф. Тој успеја да ја однесе македонската лубеница на британскиот пазар.

За да успее во тоа, требаше да реагира брзо и да ги задоволи високите стандарди за квалитет.

Тука настапи УСАИД.

АгБиз на УСАИД и помогна на компанијата на Стојмировски, Универзал Промет, да подготви и испрати тест- пратка, при што секое парче овошје требаше да тежи помеѓу 4 и 4,5 кг, и да биде спакувано во картонски кутии од максимум 25кг. УСАИД помогна во пронаоѓање на кутиите и инструкции за процедурите за контрола на квалитет.

Увозникот од Велика Британија не само што ја одобри тест пратката со лубеници, туку покажа интерес и за тест- пратки од друго овошје и зеленчук, вклучувајќи пиперки, модар патлиџан и јаболки.

Универзал Промет има искуство и со извоз во други земји на Балканот- но ова претставува особен успех- да се навлезе на профитабилниот ЕУ пазар. Зголемувањето на извозот воопшто, и тоа на нови пазари, се два од македонските највисоки економски приоритети.

„Ова е одлична можност“, рече Стојмировски. „На почетокот не бев сигурен дека можеме да одговориме веднаш, според спецификацијата на купувачот, особено по прашање на пакувањето. Но АгБиз на УСАИД многу помогна, и без нив, не верувам дека ќе успеевме да ја склучиме оваа зделка.”

ВЕСТИ И УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ

2007 година »
2008 година »


English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English