Дома   За АгБиз Проекти Контакт Линкови USAID.gov USAID.gov
USAID АгБиз
Се наоѓате тука » Дома » За АгБиз » АгБиз поддршка

Видови на поддршка

АгБиз обезбедува неколку видови на поддршка за купувачите за да им помогне да ја зајакнат нивната конкурентност во нивните целни пазари. Тие вклучуваат:

  • Техничка помош
    која е обезбедена или од вработените и консултантите на АгБиз, или е заеднички финансирана со купувачите од одобрени извори и тоа по договорена цена- претпочитајќи го второво.

  • Обука
    кога неколку клиенти, или група вработени на еден клиент, имаат потреба од зајакнување на вештините, АгБиз може да обезбеди обука за теми поврзани со зајакнување на конкуренцијата, од домашни или меѓународни експерти, зависно од типот на обука. Повторно, локалните предавачи ќе имаат предност да бидат ангажирани, а обуката ќе биде заеднички финансирана со клиентите.

  • Маркетингшки активности
    AgBiz ќе им помогне на клиентите да развијат маркетингшки вештини или материјали за да ја подобрат конкурентноста на компанијата или групацијата. Ова најчесто се остварува со комбинација на помош од персоналот или заедничко финансирање за да се добијат локални бизнис услуги  од BSPs. Пример за ваков вид на услуга би бил дизајнирање на нови брендови,  или развивање на повеќе ефективни маркетингшки материјали како подготовка за посета на релевантни саеми.

  • Работилници и конференции
    Кога ќе се идентификува потреба да се соберат заедно тековните и потенцијалните АгБиз клиенти да се дискутира или да се научи за нова тема за зајакнување на конкурентноста, или да се дискутира за можноста или ограничувањето за одреден синџир на додадена вредност, АгБиз ќе организира работилница за таа тема. Ќе посветиме особено внимание на еден од крајните производи на работилницата, кој ќе се искористи и како план за активности  за искористување на можноста или да се реши некое ограничување.
    Годишно собрание на МАП и презентација на заклучоците од испитувањето на преработувачката индустрија за овошје и зеленчук во Неготино (галерија)

    Тркалезна маса во Хотел Континентал (галерија)

  • Законодавни и институционални реформи
    Како што е наведено погоре, АгБиз ќе работи заедно со клиентите, преку релевантни здруженија, за да ги реформира законите или институциите кои ја ограничуваат конкурентноста на учесниците во определените синџири на додадена вредност.

  • Пристап до финансии
    ние ќе им помогнеме на клиентите во определените синџири на додадена вредност да обезбедат навремено и ефикасно финансирање за своите проекти, како што е наведено претходно.

 

АгБиз ПОДДРШКА

■ Техничка помош »
■ Обука »
■ Маркетингшки активности »
Работилници и конференции
»
Законодавни и институционални реформи »
Пристап до финансии »

Публикации

Постигнувањата на Програмата АгБиз во првата година (.PDF 728 KB)

AgBiz двострана брошура   (.DOC 1.73MB)
Агробизнис финансиски прирачник (.PDF 1.52MB)

Брошура со АгБиз Програма (.PDF 1.44MB)
Национална стратегија за развој на земјоделието и руралните средини за периодот 2007-2013 (.DOC 1.78MB)
 

English
Македонски
     АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English