Програмски активности на АгБиз
Целта на АгБиз е да го зголеми економскиот раст во Македонија преку проширено и еколошки одржливо производство и продажба на земјоделски производи со додадена вредност, оспособувајќи ги производителите и преработувачите да се конкурентни на регионално и глобално ниво. Со тоа ќе се овозможат поголеми приходи за преработувачите и производителите, а конечно и поголеми даночни приходи за владата.
Резиме на проектот
Со развојот на ефикасни системи за поддршка за производителите и со зајакнување на врските помеѓу одгледувачите, обработувачите и нивните пазари, АгБиз им помага на земјоделците да го најдат својот пазар и да ги задоволат барањата на пазарот. Поквалитетните врски што АгБиз може да ги обезбеди ќе ги намалат трошоците за трансакции и ќе го зголемат капациетот на одгледувачите и производителите да ги сфатат барањата на своите купувачи. АгБиз, преку поддршката на развојот на македонското стопанство, ќе обезбеди:
- Агробизнисите да ги разберат, да идентификуваат и да влезат на нови извозни пазари за храна и пијалаци
- Зголемување на капацитетот на производителите и преработувачите за да можат да ги разберат и да ги задоволат барањата на пазарот за прехрамбени производи со додадена вредност.
- Зајакнување на пазарните врски помеѓу производителите, преработувачите и трговците
- Подобрување на управувањето и работењето на фирмите долж целиот синџир на додаена вредност
- Генерирање на поголеми приходи на земјоделските производители и преработувачи и создавање на можности за нови вработувања
Потенцијалниот прием на Македонија во ЕУ во 2011 создава потреба да се помогне на македонските земјоделци да станат поконкуренти за да можат од една страна успешно да се натпреваруваат на регионалните и локалните пазари во ера на поотворени граници, и да остварат поголем капитал со отворениот влез во пазарите на ЕУ, кој ќе следи со приемот во ЕУ. Според тоа, работата на АгБиз ќе се насочи кон пристапот до ЕУ, поврзан со зајакнување на конкурентноста. Бидејќи е веројатно дека АгБиз е последната програма за агробизнис на УСАИД за Македонија, АгБиз ќе посвети поголемо внимание на создавање на наследство кое институциите ќе го искористат при активности за стимулирање на земјоделството. |