Дома   За АгБиз Проекти Контакт Линкови USAID.gov USAID.gov
USAID АгБиз
Се наоѓате тука » Дома » За АгБиз » Програмски активности на АгБиз


Со својата канцеларија во Скопје, програмата АгБиз ќе промовира мрежа на следните начини:
  • Идентификација на одржливи трансакции
    Целта на оваа првична активност е да се овозможи на АгБиз брзо да идентификува субјекти кои можат да му помогнат на проектот со применливи трансакции во истиот момент, и да оствари продажба поддржана од проектот во рамки на една година. Секоја програма на АгБиз треба да резултира во комерцијално исплатлива и одржлива трансакција. Трајни комерцијални односи секогаш се постигнуваат со серија на трансакции кои се успешни, навремени, со позитивна готовинска трговија, кои градат верба и меѓусебна доверба со текот на времето. Навремените трансакции со позитивен готовински тек и профитни елементи е круцијален, затоа што тие создаваат интерес кај приватниот сектор и волја да се направат промените потребни за долгорочна комерцијална одржливост.

  • Зајакнување на конкурентноста на синџири на додадена вредност и идентификација на ограничувањата
    По завршувањето на изборот од синџири на додадена вредност за зајакнување на конкурентноста, ќе контактираме со значајните учесници во средишниот дел на синџирот, како на пример обработувачи, и крајните компании во синџирот, на пр. маркетери, за да се одреди нивното ниво на заинтересираност во учеството во активностите на АгБиз за зајакнивање на конкурентноста на синџирите на додадена вредност. Најважно во оваа работа ќе биде: А. Да се определи според мислењето на  учесниците од овие синџири кои се најважните можности за проширување на бројот и просечна вреднот на трансакции во својот синџир на додадена вредност и Б. Што мислат тие дека се најзначајните ограничувања за подобрување на конкурентноста на нивниот синџир на додадена вредност. Идентификацијата на најисплатливите целни пазари ќе се постигне во тесна соработка со учеснисците во крајните компании од синџирите, и преку маркетингшки истражувања според потребите.

    Регионален пазарен информатор (ПДФ 1,05 MB)

  • 2009 Активности

    1. Учество на “БИОФАХ 2009” саемот и студиско патување

    “Биофах 2009” е саемска манифестација што се оддржа од 18-ти до 22-ри февруари во Нинберг, Германија која овозможи на македонските фирми вклучени во органско производство и преработка да представат дел од палетата на своите производи. “Биофах” е најголемата саемска манифестација во ЕУ која работи со органски производи. Фирми од ЕУ како и од останати земји го посетија саемот како купувачи или продавачи на органски производи и услуги. Во рамките на саемот, беа организирани многу презентации, дискусии на тема органски трендови, пазарни можности, промени во ЕУ регулативите, нови производи како и представување на производни линии.

    “Биофах” саемската манифестација, беше ново искуство за македонските фирми, воедно и обид да се воспостави или зајакне перцепцијата на купувачите од ЕУ за фирмите од Македонија како можни снабдувачи на висококвалитетни органски производи.

    14 учесници од 8 фирми од агробизнисот и педставник на организација на производители имаа можност да изложуваат и учат на саемот. Учесниците воспоставија контакти со нови потенцијални купувачи, и очекуваат нарачки во почетокот на сезонава. Поддржувачи на оваа активност беа Швајцарската програма за унапредување на увозот ОСЕЦ (Osec/SIPPO) и АгБиз.
    (галерија)

    2. Фирмите од синџирот на Самоникнати Производи на студиско патување во Лисабон на саемска манифестација за храна “Алиментариа”

    Оваа студиско патување беше за група на фирми извозници од синџирот на самоникнати производи на саемот “Алиментариа” во Лисабон, Португалија. Алиментариа е меѓу петте врвни саемски манифестации во Европа, и беше оддржана од 19-ти до 22-ри април, 2009 и секоја година се менува помеѓу Лисабон, Португалија и Барселона, Шпанија. Овој саем е еден од најрелевантните регионални саемски манифестации за храна за македонските извозници на самоникнати производи кои за целни извозни пазари ги имаат шпанскиот и португалскиот.

    “Алиментариа” беше ново искуство за македонските компании, и обид да се направат директни продажби на компаниите од Шпанија и Португалија, традиционални големи пазари за рујница.


    Македонските извозници на самоникнати производи успееја подобро да ги разберат пазарите на ЕУ за рујницата- со акцент на Шпанија и Португалија, направија контакт со потенцијалните купувачи и го згоемија своето знаење за регионалните пазари на ЕУ, особено барањата на шпанскиот и португалскиот пазар.
    (галерија)

    3. Студиско патување во Калифорнија за македонските производители на трпезно грозје

    Студиското патување се реализираше од 1-ви до 11-ти март 2009 во јужна и централна Калифорнија во САД. Активноста овозможи шест водечки македонски фирми од синџирот на трпезно грозје да осознаат нови технологии и менаџерски практики со можност да се зајакне нивната конкурентност. Учесниците го истражија и сега го разбраа интегрираното производство и послебербена технологија која може да биде ставена во функција и во нивните претпријатија и примена врз сегашните видови на трпзено грозје. Студиското патување вклучи теми за зголемување на знаењето на учесниците како да ги користат соодветните ампелотехнички мерки за подобрување на послеберебените активности со цел задоволување на строгите барања на пазарите. Програмата беше комбинирана со обуки во училници и теренски посети кои овозможија на учесниците да научат и да ги видат напредните центри за пакување како и плановите за управување со свежо грозје, и начини и цели за основање на маркетинг и трговска организација за трпезно грозје.

    Клиентите на АгБиз беа во можност да дискутираат со експерти од Универзитетот на Калифорнија во Давис, на теми како светскиот пазар за трпезно грозје, маркетинг систем за трпезно грозје, продажба на трпезното грозје на пазарите на големо и мало во САД.

    Во текот на студиското патување групата го посети пазарот на големо за производи во Лос Анѓелес, објетки за производство во долината Кочела, објекти за производсво на здрав посадочен материјал без болести и оштетувања, предели за производство на грозје за вино, и производствени објекти за трпезно грозје во областите Напа и Сонома.
    (галерија)

    4. Седум македонски компании изложуваа на национален штанд на “Фрутлогистика 2009”


    Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, АгБиз програмата на УСАИД, Проектот за модернизација на македонскиот земјоделско-прехрамбен сектор на ГТЗ , Швајцарската програма за унапредување на увозот ОСЕЦ (Osec/SIPPO) заедно го поддржаа македонскиот национален штанд на „Фрутлогистика 2009“ што се одржа во Берлин, Германија од 2-ри до 7-ми февруари 2009.

    Фрутлогистика, Во Берлин е меѓународен саем кој им овозможува на компаниите од секторите на свежо овошје и зеленчук да ги представат своите производи и услуги низ целиот процес од производтсво до продажба. Една од главните привлечности на „Фрутлогистика“ е дека тоа е компактен, исклучително ефикасен саем кој се фокусира врз специфични целни групи. Особено, тој им нуди на изложувачите од земјите во развој маркетиншки можности за „егзотични“ земјоделски производи, а на новите изложувачи од Централна и Источна Европа извонреден простор на кој може да ги претстават своите производи пред меѓународната трговија и публика, и да воспостават нови деловни контакти. Учесници во 2009 вклучуваа одгледувачи, увозници и извозници на свежи производи, представници од пазарите на големо и мало, пакување, компании за испорака и пласман, институции и здруженија.
    (галерија)

    5. Фирмите од синџирот преработки од зеленчук на студиско патување во Бугарија

    Студиското патување за фирмите кои работат со преработки од зеленчук се реализираше од 4-ти до 7-ми март 09, во Софија, Пловдив и Стара Загора. Оваа активност беше организирана од АгБиз за македонските компании да го зголемат своето знаење за бугарската индустрија за преработки од зеленчук. Македонските фирми беа во можност да научат од бугарските фирми кои имаат искуство работејќи со SAPARD, и да ја проценат својата конкурентност за снабдување на ЕУ со традиционалните производи од зеленчук и други пазари врз основа на тоа што осознале од бугарските компании.

    Четиридневното студиско патување беше организирано со цел да се обезбедат релевантни информации за десетте клиенти на АгБиз од страна на компаниите од Бугарија кои користеле средства преку SAPARD и тоа преку 1) состаноци со сопствениците/менаџерите на фирми кои преработуваат зеленчук, 2) посета на современи објекти за преработки од зеленчук, добро оперемни ладилници, како и други производни објекти кои имаат користено средтсва од SAPARD програмата, 3) состаноци со представници на најуспешни консултански компании – CIBOLA во Бугарија која беше одговорна за подготовка на проектните апликации за користење на SAPARD и на други пред пристапни инструменти на ЕУ и 4) состаноци со управниот одбор на бугарската унија на преработувачи на овошје и зеленчук.

    Најголемата придобивка на учесниците беше можноста да се сретнат со бугарските фирми за пеработка и да се види современата опрема. Учесниците се здобија со информации од “прва рака “ во врска со трендовите и добија јасни информации на кој начин современите и функционални бизнизи ги користат средствата од ЕУ.
    (галерија)

    6. Македонските винарии изложуваа на саемот ПроВajн 2009

    Саемската манифестација “ПроВajн” се оддржа помеѓу 29-ти и 31-ви март во Дизелдорф, Германија и представува една од најрелевантните манифестации за вино и алкохолни пијалаци, која ги собира на едно место производителите од Германија, Европа и сите региони од светот каде се произведува вино, заедно со купувачите, увозниците, продавачи на големо и ХОРЕКА клиентите.
    Следејќи го успешното искуство и резултатите од “ПроВaјн 2008” во создавањето на подобро разбирање на специфичните пазарни барања и можности за влез и продажба во Германија и другите ЕУ пазари, Попова Кула, Бовин, Сковин и Далвина покажаа особен интерес да учествуваат на “ПроВajн 2009”.

    Активноста беше ко-спонзорирана од Министерството за Економија, кое обезбеди средства за простор за изложување, вода и струја, чистење на штандот и представување на компаниите во главниот каталог на саемот.

    Учесниците воспоставија повеќе од 30 сериозни контакти- дел од нив ќе резултираат со договори за продажба, споделија листи со цени и дискутираа за други предуслови со потенцијалните купувачи заинтересирани за македонски вина.
    (галерија)

    7. Закројување на лозјата- тура за медиуми

    Македонската национална ТВ (МТВ) го интервјуираше Горан Дамовски, Координатор за Вино во шишиња, кај еден од клиентите на АгБиз. Низ десет минутното интервју пред лозјето на Попова Кула беа представени АгБиз активностите за зголемување на капацитетот на компаниите од синџирот на вино во шишиња и беше представен проектот за деловен развој на Попова Кула кој е поддржан од страна на АгБиз.
    (галерија)

    8. Тура за медиумите за представување на синџирот за вино во шишиња

    Целтта на оваа тура беше да се информираат медиумите за видовите на поддршка што ги обезбедува АгБиз за фирмите од синџрот на Вино во Шишиња, и да понуди информации и реална слика од терен на представниците од медиумите за видовите и квалитетот на вината произведени во Македонија, и за можностите за подобрување на нивната конкурентност на регионалните и светските пазари.

    Беа посетени три винарии- Тиквеш, Бовин и Грков. На сите три места новинарите имаа можност да се сретнати, да им постават прашања на менаџерите и лицата кои го прават виното, да ги посетат винариите и да дегустрираат вина. Пет новинари од три печатени медиуми, представници од Радио “Канал 77”, и представници на електронски медиуми од “Тотал” и “Порта 3” учествуваа на турата.

    Координаторот на Вино во шишиња, меѓународниот експерт за вино Г-дин. Вилијам Талбот, и домашниот експерт Г-дин. Горан Миланов, заменик директор на Институтот за Земјоделство, Оддел за Енологија и Лозарство учествуваа на медиумската тура и истите беа интервјуирани од новинарите. Сево оваа резултираше со емитување на интервју и објавување на обсежен тематски прилог во “Капитал”.
    (галерија)
  • Развој на програмата за поддршка и имплементација
    По определувањето на приоритетните можности и ограничувања во секој од избраните синџири на додадена вредност, АгБиз ќе работи со учеснците во овие синџири за да развијат конкретни проекти за помош на инидивидуални компании, или групи од фирми или производители, за да добијат  во своите идентификувани можности и/или да ги надминат ограничувањата за да постигнат конкурентност на големите пазари. Овој пакет ќе се нарече Проект за клиенти (Customer Project).
    АгБиз може да обезбеди директна техничка поддршка на купувачите преку одобрени проекти за поддршка, и/ или да ги подели трошоците за имплементација на проектот со купувачот.

  • Реформи во законодавството и институциите
    Реформите кои се потребни за да се создаде поволна средина, врз основа на влијание на одредените синџири на додадена вредност, ќе бидат идентификувани преку развој на трансакции и искуство во развојот, а највлијателните македонски здруженија, а не директно АгБиз, ќе лобираат за реформирање на проритетните ограничувања.
    АгБиз, во соработка со својот партнер AIRD, ќе имплементира работилници за закондавство, во соработка со здруженија и членови на целни синџири на додадена вредност за да се определи, преку конкретни активности за зајакнување на конкурентноста, кои се регулативите и/или владините институции кои го инхибираат успехот на таргетираните синџири на додадена вредност и одржливост на трансакциите и договорите за продажба. Кога ќе бидат идентификувани приоритетните политики и/или институционални ограничувања, АгБиз ќе го стимулира дијалогот со Владата на Македонија преку бизнис асоцијации и УСАИД. Ќе го зајакнеме капацитетот на локалните асоцијации за поефективно да лобираат врз владините претставници и да се залагаат за создавање услови и опкружување кое ќе ги поддржуваа конкурентните и одржливи легитимни трансакции. АгБиз ќе се координира со USAID’s Business Environment Activity во врска со нашите активности за законодавна и институционална реформа.

  • Обезбедено финансирање за клиентите
    АгБиз, работејќи во соработка со нашиот партнер Crimson Capital, ќе им помогне на купувачите во одбраните синџири на додадена вредност да обезбедат ефикасно и навремено финансирање за нивните производи, на пример, активности за зајакнување на конкурентноста и договори за продажба. Како дополнување на помошта за развојни бизнис планови и апликации за кредит, АгБиз ќе обезбеди соработка со повеќе алтернативни извори на финансирање за да ги разберат нивните барања за финансирање, како и компаративните предности и негативни страни на овие алтернативни извори. Со ова ќе се овозможи на АгБиз да влијае на банките и другите извори на финансии врз техничките услови и способноста за отплата на клиентите на АгБиз кои бараат финансирање. Како дополнување на банкарското финансирање, ќе ги истражиме и промовираме финансирање на промет, лизинг, капитал и други финансиски производи, како и програма за гаранција на заеми како што се Канцеларијата за развојни кредити на УСАИД, и иновативното јавно-приватно партнерство поврзано со Глобалната развојна алијанса на УСАИД. Ќе посветиме повеќе внимание на извори кои нудат одржливи механизми за финансирање потребни за синџирите на додадена вредност, но нема да ги одбиеме и решенијата со пократок рок.

ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ НА АгБиз

Идентификација на одржливи трансакции »
Зајакнување на конкурентноста на синџири на додадена вредност и идентификација на ограничувањата »
Развој на програмата за поддршка и имплементација »
Реформи во законодавството и институциите »
Обезбедено финансирање за клиентите »

 

English
Македонски
    АгБиз програма на УСАИД

: Доверливост на податоци : Додатоци : Мапа на сајтот : Контакт : English